Доколку некој тим во изминатиов трансфер период немаше ниту едно евро за засилувања, а сакаше квалитетно да се офајди со играчи, бесплатните понуди беа доста примамливи. Еве ги најдобрите 11 фудбалери кои си заминаа како слободни играчи.
Контроверзниот Џо Кинер кој од ова лето ја врши функцијата спортски директор во клубот од „Сент Џејмс Парк" дефинитивно е најнепосакуваната личност во Њукасл. Продаде 10 играчи, донесе само едно засилување и тоа на позајмица, а еден од играчите мислеше дека се презива Кебап.
Сите креваат паника за жештината при одигрувањето на натпреварите за време на Светското првенство кое ќе се одигра во Катар за девет години, а на никого не му текнува дека слични ќе бидат условите и следната година на Мудијалот во Бразил.
Ремек делото е на Адам Морган кој на мечот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити за играчи до 21 година, покажа дека уште на млади години знае како се прават изненадувања од 50 метри.
Арапските милијарди владеат во големите лиги, Италијани вложуваат во хрватскиот фудбал, руски милиони почнаа да се влеваат во српскиот фудбал, а сега и малезиски капитал ќе прави балкански фудбалски гигант во Сараево. Македонија никако да ја најдат на мапа.
Непоразениот Еспањол совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:2 ја забележа третата победа по пет одиграни кола во шпанската Примера. Виктор Санчез беше стрелец на два погодоци, а првиот беше вистинско ремек дело.
Го имаме кандидатот за најлуд пенал на сезоната. Тој е дело на Глен ван дер Линден од белгискиот второлигаш Мускрон чиј удар од белата точка беше одбранет, но потоа тој си ја намести топката за ножички и постигна убав гол.
Ховорка од Спарта Прага неодамна даде гол со задникот. Славниот француски напаѓач Тиери Анри сега се буни дека поради многу мрдање со тој дел на телото требал да добие пенал.
Истражувањето кое го објави реномираниот весник „Република" покажува дека натпреварите во Серија А ги следат за 16% помалку „обични" гледачи отколку пред четири години, а бројот на најстраствените фанови на стадионите бележи раст.
Има и други начини како да спречите контра напад, но 19 годишниот Гаспер Инигуез на средбата помеѓу Аргентинос и Бока Јуниорс го избра најболниот за него. Немој да учите од него, ќе ве боли.
Матијас Куо-Думбе имаше незаборавно деби за англискиот четвртолигаш Нортемптон против Менсфилд. Тој постигна прекрасен гол лобувајќи го голманот со лоб удар. Проблемот е што тој си го лобуваше сопствениот голман.
Не дека другите викенди има нешто помалку спорт, но изминативе неколку денови беа преполни со врвни настани кои ги задоволија вкусовите на сите спортски сладокусци и покрај тоа што се случија неколку невообичаени настани на фудбалските терени.
Сите мажи кои мислат дека се неприкосновени цареви за мал фудбал, нека го одгледаат овој гол и после да си купат игли за плетење. Запознајте ја Рита Мартинс од женската футсал екипа на Бенфика.
И тоа се случи! Марио Балотели го промаши првиот пенал во својата сениорска кариера. Јунакот кој го одбрани првиот пенал по 20 успешни реализации во серија е Пепе Реина при победата на Наполи на гостувањето кај Милан од 1:2.
Во изминатите седум денови видовме многу прекрасни голови на фудбалските терени за време на натпреварите од националните и континенталните првенства, а ова се најдобрите десет од нив.
И да врне и да вее викендов ич да не ви е мака. Заборавете ја малку работата, откажете го состанокот со девојката, грабнете го далечинскиот управувач и опуштете се со фудбал. Следува најголемиот спортски викенд што можевме да го посакаме, преполн со дерби мечеви.
Откако домашните навивачи се жалеа, а гостинските им фаќаа сеир за тивката атмосфера на стадионот Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед ќе собере на куп 1.400 најгласни навивачи расположени за пеење.
УЕФА ја потврди кандидатурата на Македонија која со својот најголем стадион се кандидираше за домаќин на еден од натпреварите на револуционерното Европско првенство. Но колку е логично еден ваков фудбалски собир да се одржува исто време во 13 држави?
Швајцарецот Адмир Мехмеди кој е роден во Гостивар, наместо херој по постигнатиот гол за Фрајбург, стана трагичар откако им ја подари топката на фудбалерите на Либерец кои израмнија за конечни 2:2. Летово Мехмеди се „прослави" и со едно промашување на Олимписките игри.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп беше избркан од натпреварот против Наполи во Лигата на шампиони заради недоличното однесување, по што второто полувреме го догледал преку ТВ заедно со хаусмајсторот на стадионот Сан Паоло.
Ножички, петица, паненка, рабона, шкорпион удар... сè тоа е веќе видено и досадно. Фудбалерот на резервниот тим на Спарта Прага, Давид Ховорка постигна гол со газ и тоа намерно.