„Во други времиња натпревар од ваков тип би загубиле или барем би играле нерешено“ – Валтер Сабатини, директор на Рома.
„Не работам за да го тренирам најдобриот тим, туку да го победам" – Јурген Клоп.
„80% од косата ми побеле оваа недела" - Јурген Клоп.
„Можеби во времето на Морати токму претседателот ги носел одлуките, но сега тоа ќе се прави колективно", Ерик Тохир, новиот сопственик на Интер.
„Тоа го бараше полицијата и јас ја послушав, но не беше моја одлуката" – Адријано Галијани за средбата на Кака и Абијати со ултрасите на Милан по киксот против Џенова.
„Интер е на деветто место, но се уште се живи, одат на стадион" – Адријано Галијани.
„Кој е овој?" – Кристијан Панучи коментира две слики каде се поставени Енцо Ферари и Месут Озил, без да го препознае легендарниот возач на Формула 1.
„На првиот гол фудбалерите на Селтик изгледа како да му кажаа на Кака: Оди таму за да ти дозволиме да дадеш гол" – Кристијан Панучи.
„За жал тоа го прават и нашите одбранбени играчи", Адријано Галијани.
„Не е лесно да се влезе на „New Camp" – Фабио Капело за стадионот „Камп Ноу".
„Јас имам две цели, а тоа да ја освојам Лигата на шампионите заклучно со 2024 година и да го тренирам Баерн Минхен", Рикардо Ѕампања, тренер на италијанскиот нисколигаш Макие.
„Мислам дека сум потомок на Адам и Ева", Дарио Шимиќ.