Фудбалерите на Аргентина на времето ги носеа препознатливите црни шорцеви, а тоа беше во времето на Марадона кога го освоија Мундијалот во 1986 година.

Но техничкиот спонзор се одлучи од 2014 година Меси и другарите да впишат нова историја и на црната боја да и удрат контра.

Препознатливите сино бели риги на дресот Аргентиците ги носеле и на Мундијалот во 1978 година, но и тогаш традиција била црната боја на шорцевите.

Тоа важи и за селекцијата на Германија која од финалето на Светското 1982 година кое го загубија од Италија се гледа бело-црната комбинација.

Истата комбинација ја носеле и на Светското Италија 1990 со само еден додаток, а тоа се боите на знамето кои се пресликани на дресот.

Но од Бразил традицијата ќе се смени со бели шорцеви и црвена боја на препознатливиот бел дрес.

Третата селекција која ќе носи бели шорцеви е Колумбија која се враќа на светските првенства по пауза од 16 години.

Времето се менува, но и имиџот на фудбалерите, па така освен сините шорцеви во Бразил, Колумбијците нема да носат ниту фризура како легендарната грмушка на Валдерама.

Спротивно на Аргентина и Германија постапија Јапонците кои вообичаено ги гледаме со сино-бела комбинација.

Тие како да се трампаа со Колумбија па од бела преминуваат на сина боја на шорцевите.

Промени ќе има и за светскиот шампион кој пред четири години континенталниот собир во Јужна Африка го освои со сини шорцеви.

„Црвената фурија" во одбрана на златниот пехар ќе тргнат во целосно црвена боја.
