Франција е префрлена во “европскиот“ шешир

ФИФА направи мали измени во одредувањето на шеширите во пресрет на извлекувањето на групите за Мундијалот во Бразил кое е закажано за три дена и најави дека една од европските репрезентации дополнително преку извлекување ќе се премести од четвриот во вториот шешир.

Светската куќа на фудбалот на денешната конференција во бразилскиот град Бахија не ги потврди во целост веќе најавените четири барабани од кои ќе се извлекуваат групите за Светското првенство, туку направи само една измена околу селекцијата на Франција.

Првичната одлука беше како најслабо рангирана европската селекција таа да биде во вториот шешир, но Организацискиот комитет на ФИФА одлучи да ја премести во четвртиот кој е составен само од европски земји.

За да се израмни бројот на барабаните со по 8 селекции, дополнително ќе се извлекува една од европските земји и од четвртиот шешир ќе се префрли во вториот каде сега има 7 селекции.

Во првиот шешир се наоѓа домаќинот Бразил заедно со уште седумте првопласирани селекции од ранг листата на ФИФА, во вториот се наоѓаат земјите учеснички од Африка и Јужна Америка, а во третиот селекциите од Азија и КОНКАКАФ зоната.

Шешир 1: Бразил, Белгија, Германија, Аргентина, Колумбија, Уругвај, Шпанија, Швајцарија

Шешир 2: Алжир, Камерун, Брегот на Слонова коска, Гана, Нигерија, Чиле, Еквадор

Шешир 3: Австралија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Мексико, Костарика, Хондурас

Шешир 4: Хрватска, БИХ, Холандија, Италија, Англија, Португалија, Русија, Грција, Франција

Извлекувањето на групите за Светското првенство е закажано за петок.

3 декември 2013 - 18:11