Претседателот на федерацијата праќал нигериски спам

Претседателот на Фудбалската федерација на Нигерија информираше дека некој му го хакнал мејлот и барал пари во негово име.

Нигериската измама или нам добро познат нигериски спам го погоди и претседателот на Фудбалската федерација. Во соопштение преку федерацијата, претседателот Амину Маигари информираше дека некој му го пробил мејлот и им испратил пораки на сите луѓе од неговиот адресар.

Во пораките тој од неговите пријатели барал пари затоа што имал проблеми во странство.

Претседателот навистина во моментов е во странство, но нема никакви финансиски проблеми. Тој во моментов е во Бразил каде во петок ќе се одржи извлекувањето на групите за Светското првенство.

Нигерија е една од петте репрезентации од Африка кои се квалификуваа на Светското првенство заедно со Брегот на Слоновата Коска, Гана, Камерун и Алжир.

4 декември 2013 - 11:27