До сега сме пишувале многу интересни стории за верноста на навивачите кон своите клубови како на пример онаа со навивачот на Вулверхемтон кој поради свадба мораше да пропушти меч по цели 37 години, но случајот со 35 годишниот Ендру Канаван е навистина екстремен.
Тој пред 20 години останал без едно око, но за него тоа не било крај на светот, па решил да си вгради стаклено со амблемот на својот омилен клуб Њукасл и што е уште поинтересно неговите пријатели му рекле дека идејата му е фантастична.
„Кога човек ќе загуби око се чуствува потиштено, но јас тоа го искористив како можност да направам нешто единствено и сега сум пресреќен како да сум се качил на месечината", вели навивачот.
За услугата платил 150 фунти, но претходно побарал дозвола од клубот од каде му рекле дека барањето му е малку необично, но сепак му дозволиле да го користи амблемот.
Ендру е фамилијарен човек со три деца и голем навивач на Њукасл кој продолжил да го бодри клубот по стапките на татко му и дедо му, а неговите деца воопшто не се исплашиле од неговиот нов изглед, туку им изгледало забавно.