„Кралскиот клуб“ е водечки на листата на најбогати клубови со вредност од 3,3 милијарди евра, а веднаш зад него се наоѓа англискиот гигант Манчестер Јунајтед.
На првите пет позиции има уште една шпанска и англиска екипа, а потоа следува европскиот шампион кој ги заокружува првите пет позиции со екипи кои вредат над милијарда евра.
Поделено во лиги најголем број на богати клубови доѓаат од Премиер лигата, вкупно седум, потоа следуваат Серија А и Бундес лигата со по четири, од Примера и од Лига 1 има по две, а единствената која не е од Европа, доаѓа од Бразил.
1. Реал Мадрид - 3,3 милијарди евра
2. Манчестер Јунајтед - 3,165 милијарди евра
3. Барселона - 2,6 милијарди евра
4. Арсенал - 1,326 милијарди евра
5. Баерн Минхен - 1,309 милијарди евра
6. Милан - 945 милиони евра
7. Челси - 901 милиони евра
8. Јувентус - 694 милиони евра
9. Манчестер Сити - 689 милиони евра
10. Ливерпул - 651 милиони евра
11. Тотенхем - 520 милиони евра
12. Шалке - 498 милиони евра
13. Борусија Дортмунд - 456 милиони евра
14. Интер - 401 милиони евра
15. Лион - 368 милиони евра
16. Коринтијас - 358 милиони евра
17. Наполи - 330 милиони евра
18. Хамбург - 300 милиони евра
19. Олимпик Марсеј - 285 милиони евра
20. Њукасл - 263 милиони евра