Фудбал

Сезона на рекорди за Суарез

Уругвајскиот напаѓач ја одигра најдобрата сезона во својата кариера и ги собра сите индивидуални награди во Премиер лигата, како најдобар играч и најдобар стрелец. Фантастичната сезона за жал не ја круниса со титула.

Кој е стрелец на голот?

Дечкиве се од Азија, па ако случајно не читаат нека ни пишат во коментар, зошто го вежбале ова и зошто не шутираат еден по еден како сите други на светот.

Замислениот состав на Серија А за Cветско

На еден месец до стартот на Светското фудбалско првенство, секој ден по некој селектор го обелоденува составот со кој ќе патува во Бразил. Скајспорт си направи свој тим од 11 играчи од италијанското првенство кои ќе настапат ова лето и кои би биле идеална екипа.

Судијата Хауард Веб симулираше прекршок

На познатиот англиски судија му здосади 90 минути да ги прати играчите и топката, па тргна во соло акција. Потоа самиот се увери дека фудбалот не е така нежен спорт. Мечот се одигра во чест на легендарниот фудбалер на Тотенхем, Ледли Кинг.

Меси се очекува да блесне во Бразил

Се наоѓа во зенитот на својата кариера, ги освои сите титули со Барселона, има четири признанија за број 1 во светот, сруши многу рекорди и му преостана да направи нешто значајно и со Аргентина.

Секс за карта за Реал-Атлетико

Цената на влезниците за финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид достигнуваат луди цени, па една Шпанка понуди секс во замена за карта.

Пет работи кои не ги знаевте за Алекс Фергусон

Автобиографијата на Алекс Фергусон е веќе преведена и на македонски јазик, но за оние кои ги мрзи да читаат, издвоивме пет работи кои најверојатно не ги знаевте за Сер Алекс.

Барселона нема лек за Атлетико

Херојскиот тим на Диего Симеоне му е ноќна мора сезонава на Каталонскиот состав. Каде и да се сретнат овие две екипи, Барселона не знае како да победи. На последните пет средби успеале да им дадат само два гола и тоа двата ги постигнал Нејмар.

Голчиште на колото

Џо Гарнер од англискиот третолигаш Престон го направи најубавиот фудбалски потег овој викенд, а потоа испали проектил без да му тапне топката.

Ултрасот на Наполи доби поддршка од „Филип Втори“

Водачот на Наполитанците, Џенаро Де Томазо, кој е син на шефот на познатата мафија „Комора“ доби пет годишна забрана за одење на стадион. Многу навивачки групи ширум Европа испратија пораки за негово ослободување.

Колега Стиков како е резултатот во Ливерпул?

Во време кога телефоните ни се претворија во компјутери и кога можеме во живо да пратиме резултати од Гватемала, Кувајт или Мароко, млад навивач на Манчестер Сити се реши за постара алатка, актуелна од времето на југословенска прва лига.

Малиот Падерборн и новиот Клоп

Клубот кој игра на еден од најмалите стадиони во врвните германски лиги, а опремата ја чува во гаража, успеа да се пласира во Бундеслигата, а еден од најзаслужните е нивниот млад тренер со напаѓачка филозофија.

Офсајд лик: Гаел Какута

Раководните луѓе на Лацио ги бива за ангажирање постари напаѓачи кои никој не ги сака, како што беше случајот со Сисе, Саха и Постига, но оваа сезона направија “маестрален“ избор и со едно младо момче кое по “дури“ 4 одиграни минути ќе се збогува со Серија А. 

Тимот кој не победува треба да се менува

Дали е до тренерите или до играчите, но Дејвид Мојс и Рајан Гигс оваа сезона никако не успеаа да го најдат вистинскиот тим што победува.

Верни до крај

Кога нашите клубови губат, играчите јадат ќотек од своите навивачи. Кога фудбалерите на Брауншвајг испаѓаат од Бундеслигата, нивните навивачи ги поздравуваат своите херои како да се шампиони. Вака се сака својот клуб!

Пирло го разбил кодот на Жунињо на ВЦ-шолја

Во неодамна објавената автобиографија, Андреа Пирло ја откри својата најголема тајна - како за време на еден престој во ВЦ, во момент на максимална концентрација се роди неговото чедо: La Maledetta.

Трката за титула во Англија

По 25 промени на лидерската позиција, англиската Премиер лига доби нов шампион кој оваа сезона на првото место на табелата беше само 14 денови. Како изгледаше трката за титулата во Премиер лигата во само еден гиф.

Најлудото од Австралија

Се почесто гледаме како големи фудбалски имиња како на пример Алесандро Дел Пјеро се селат во Австралија, но гледајќи го видеово не сме се уште сигурни дали тие тоа го прават заради квалитетот на првенството или дека лигата е интересна заради глупостите.

Највредниот тим кој не чини ниту евро

На самиот крај од првенствената сезона, клубовите веќе си ги знаат празнините кои ги имаат во своите состави и кои ќе треба да ги пополнат за идната сезона. Transfermarkt им нуди доста солиден тим со искусни играчи на кои летово им истекува договорот.

Голови на неделата

Ова се десетте најдобри голови од изминатите седум денови, а помеѓу нив се и мајсториите на Кристијано Роналдо, Јаја Туре и Серхио Рамос.

Доминацијата на Јувентус и неконкурентната Серија А

Кој е најзаслужен за 30 Скудето на Јувентус, дали серијата ќе продолжи и понатаму и зошто во Серија А нема кој да им парира на „Бјанконерите“ како што изјави Фабио Капело? 

Навивачите на Ливерпул живеат пократко

Нервозите за разочарувањата кои им ги приредуваат омилените клубови го земаат данокот кај навивачите.

Новески игра повеќе од Лампард и Пирло

Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.

Му легна од пола терен

Ниту еден голман до сега не очекувал ваков повратен одговор откако ќе дегажира некаде до средината на терен. Погодоков во Сингапур заслужува да биде број 1 на сезоната.