Фудбал

Кој дрес ќе го повлече Јунајтед за пензионирањето на Хаурд Веб?

Славниот англиски судија се повлекува од судењето по 25 годишна кариера. Официјалната вест за неговото заминување од зелените терени е проследена како да се повлекува играч од тимот на Луи ван Гал.

Како Оливер Бироф но во сопствената мрежа

Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.

Автоголот со лоб кој не се брани

За фудбалерот на ВБА, Крег Доусон се зборува дека ќе си замине од клубот и веројатно ќе потпише за Барнли. По овој автогол, тоа сигурно ќе се случи.

ФИФА преку женскиот фудбал ќе тестира вештачки терени

Организацијата за Светското првенство за жени кое следната година ќе се игра во Канада ги налути фудбалерките кои испратија петиција до светската куќа на фудбалот.

Ибраими јунак на Марибор со два гола

По кусата авантура во Серија А каде беше на позајмица во тимот на Каљари, Агим Ибраими го однесе Марибор во четвртото квалификациско коло од Лигата на шампионите. По триумфот над Макаби Тел Авив од 1:0, македонскиот репрезентативец постигна два гола на реваншот во Израел каде мечот заврши 2:2. 

Комити: Видеото на МВР е монтирано за да ни ја префрлат вината

По вчерашното долго соопштение испратено до медиумите, навивачите на Вардар излегоа пред јавноста за да се произнесат за крвавиот инцидент на дербито помеѓу Пелистер и Вардар на кое сметаат дека полицијата целосно потфрлила во својата работа.

Бројките на виртуозот Чави

За избраниците на Бошко Ѓуровски едно гајле помалку во квалификациите за ЕУРО 2016. На 8 септември нема да треба да го чуваат човекот кој се повлекува од репрезентацијата на Шпанија, како еден од играчите со најмногу успешни додавања во историјата на фудбалот.

Како славен спортист реагира на автограм од Руни

Ворен Сап е познато 41 годишно магаре тешко 136 кила кое игра во амерканската НЛФ лига. Дел е од куќата на славните кои настапуваат во американскиот фудбал. По ова кусо претставување нормално е да се изненадите на неговата радост.

Славно пензионерско друштво во Италија

Мексиканецот Рафаел Маркез е последниот во низата ветерани кои следната сезона ќе играат во италијанската Серија А. Тој во Верона ќе му се придружи на 37 годишниот Лука Тони.

Што е следно во футсал?

За егзебициите во сала обично е дежурен Фалкао, а конкуренција му стана Тони. Еве им го сега и Бразилецот Марсио со ново дело

Порасна детето кое асоцира на хулиганство

Со изразот на лицето и покажувањето на средниот прст, малиот е икона меѓу најмладите навивачи години наназад. Сте ја виделе на стотици приказни поврзани со страсно навивање.

На Ватикан му се игра фудбал

Како загревање за хуманитарниот натпревар на Олимпико во Рим, репрезентацијата на Ватикан  претходно ќе одигра пријателска средба против ветераните на Борусија Менхенгладбах.

Чави се повлекува од репрезентација

Мајсторот од средниот ред на Шпанија и Барселона смета дека завршило неговото време во репрезентативната кариера.

Вирусот Ебола му пркоси и на фудбалот во Африка

Загриженоста поради сè поголемиот број заразени од смртоносниот вирус придонесе за одложување на неколку натпревари на Црниот континент.

Со 22 првотимци во поход на титули

Манчестер Сити освои пет трофеи за четири години и откако славеше секаде каде што можеше во домашните натпреварувања, годинава ќе атакува на Лигата на шампионите со два тима.

Тренерот кој со својата појава ќе испише нова историја во фудбалот

Досега се нема случено во ниту од најсилните европски лиги, а тоа е жена-тренер да биде предводник на машка фудбалска екипа. Овој подвиг вечерва ќе го направи Корин Диакре во втората француска лига.

Тренингот на новиот „Крал“

Шест годишен договор со Реал Мадрид не се постигнува лесно. Скаутите на Реал освен што ги следеле блескавите изданија на Кејлор Навас на Мундијалот во дресот на Коста Рика, сигурно го гледаме и овој специјален и разновиден начин на тренирање со кој ја одржува врвната форма. Нека му ја мисли Касиљас.

Фламенго ризикува историско испаѓање од лигата

Еден од најтрофејните бразилски клубови по 13 одиграни кола е на последното место во Бразилеирао и за првпат од своето постоење може да заигра во понизок ранг.

Што изјавија Чкембарите

Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.

Переира пак се струполи

Уругвajскиот фудбалер, Алваро Переира на СП во Бразил се онесвести после еден дуел со Рахим Стерлинг од Англија во мечот од групната фаза. Нешто слично доживеа пред два дена на мечот помеѓу Сао Пауло и Крисиума.

Кај што се парат пајаците

Волејот е еден од најатрактивните удари во фудбалот, а од овој немате видено појак. Го постигна Даиго Ниши од Кашима Антлерс во дуел од јапонската Џеј - лига.

Октоподот од мистичниот град

Најголемото засилување на Манчестер Сити, Бразилецот Фернандо е дефанзивецот со најдолги нозе во фудбалска Европа. Потекнува од град во кој туристите доаѓаат да гледаат НЛО, а во Англија доаѓа по успешната авантура во дресот на Порто.

Зошто Очоа носи број 13?

„Ја одбрав 13 - та затоа што ми носи среќа. Не знам дали е суеверие, но роден сум на петок 13 во 13 часот. На 13. јули дебитирав на Мундијалот во 13 часот по локално време. Се надевам дека ќе бидам успешен како Кабаљеро и ќе станам миленик на навивачите“ - вели Очоа, кој како слободен играч дојде во Малага. Мексиканецот лани во Ајачио прими 72 гола на 32 меча, но подоцна блесна на СП во Бразил.

Во вечниот град се троши повеќе од Милано

После цела деценија, фудбалските клубови од Рим потрошија повеќе пари за нови играчи од миланските клубови, кои како да го стегнаа ременот.