Бројките на виртуозот Чави

За избраниците на Бошко Ѓуровски едно гајле помалку во квалификациите за ЕУРО 2016. На 8 септември нема да треба да го чуваат човекот кој се повлекува од репрезентацијата на Шпанија, како еден од играчите со најмногу успешни додавања во историјата на фудбалот.

822 – Рекордер по број на настапи во дресот на Барселона на сите натпреварувања

474 – Рекордер по број на настапи за Барселона во Примера

150 – Прв играч на Барселона со 150 интернационални настапи

133 – Број на настапи за селекцијата на Шпанија

2282 – Рекордер по бројот на додавања во изминативе две сезони во Лигата на шампионите

136 – Рекордер по бројот на додавања на меч од Европските првенства, против Ирска на ЕУРО 2012 година. 

198 – Број на додавања на целиот тим на Ирска на истиот меч

25 – Единствен шпански фудбалер со толкав број на трофеи

- Шампионски титули во Примера

6 – Трофеи во шпански Супер Куп

3 – Трофеи во Лига на шампиони

2 – Трофеи во Копа дел Реј

2 – Трофеи во Европски Супер куп

2 – Трофеи во Светско клупско првенство

2 – Освоени Европски првенства

1 – Освоено Светско првенство

5 август 2014 - 17:45