Чави беше дел од селекцијата на Шпанија 14 години за кои одигра 133 меча и постигна 13 голови, а црвениот дрес го соблекува по две освоени Европски (2008 и 2012) и едно Светско првенство во 2010 година.
„Донесов одлука да го напуштам националниот тим затоа што чувствувам дека моето време заврши таму. Им благодарам на федерацијата и на сите тренери кои веруваа во мене. Задоволен сум, а истовремено многу среќен и горд поради тоа што го направив со Шпанија која ќе ја бодрам и понатаму“, изјави мозокот од средниот ред на „Црвената фурија“.
Со трофејот на ЕУРО 2012, 34 годишниот фудбалер на Барселона стана најуспешниот фудбалер во историјата на шпанскиот фудбал, успех кој претходно го делеше со Карлос Пујол кој го пропушти Еврошампионатот.