По седнувањето на Светата столица во Ватикан, актуелниот папа Франциско редовно ги следи случувањата во неговиот омилен спорт.
Како навивач на Сан Лоренцо, папата неколку пати во живо ги следеше натпреварите на овој аргентински клуб, но присуствуваше и на други фудбалски манифестации.
По најавата за мечот со хуманитарни цели меѓу пријателите на Меси и Зидан, репрезентацијата на Ватикан сака да допринесе за уште поголема поврзаност на фудбалот со религијата.
За таа цел, вработените во ватиканската пошта, членови на ватиканската жандармерија и епископската гарда на 8.август ќе играат пријателски дуел против славните ветерани на германската Борусија од Менхенгладбах, именувани како „Хаки Вимер и неговите 6 пријатели“.
Натпреварот ќе се одирга во Франкфурт со почеток од 13 часот, а средствата ќе одат во хуманитарни цели, соопштија официјалните лица од Ватикан.