Големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар го добија гостите со 0:1, но резултатот и играта минаа во сенка на инцидентот помеѓу „Комитите“ и полицијата кои се судрија на трибината каде што беа сместени скопските навивачи.
Во големата мешаница најлошо мина навивач на Вардар на кој му експлодира шок бомба во рака која му ја распарчи дланката, а од експлозијата беа повредени уште неколку навивачи кои веднаш беа пренесени во болница.
За сега сè уште нема официјална потврда од МВР како бомбата завршила кај членот на „Комитите“. Медиумите известуваа дека тој му ја украл на еден од полицајците, а Чкембарите со своја верзија излегоа во одбрана на ривалите, со образложение дека ја земал од земја за да ја фрли подалеку.
„Тоа што се случи на гостинската трибина беше страшно жално да се гледа од спротивната страна, крв имаше насекаде за уште полошо да изгледа навивачот ја изгуби раката но сите се чудиме како можи да ја укради шок бомбата од специјалецот????? ЛАЖААТ !!! Навивачот ја виде бомбата и проба да ја крени од земја за да ја фрли настрана. Еден медиум не ја кажа вистината за шок бомбата“, стои во објаснувањето на Чкембарите на нивната фб страница.
Втората случка ја сместуваме во македонски селски фудбал, а се однесува на змијата која влета на мечот помеѓу Силекс и Хоризонт Турново. Според пишувањата на кратовскиот портал aberdzija.com, навивачите му скандирале на судијата Ставрев да и даде црвен картон.
Ако имате некоја интересна фотографија или видео од македонскиот фудбал, пратете ни ги на нашата фан страна на Фејсбук или на sport@trendolend.mk