Летниот период за трансфери секоја година ни носи еден куп шпекулации во весниците кои на тој начин се обидуваат да ја зголемат продажбата. Некои од нив се остваруваат, а други се брзо се демантираат. Една од нејасните ситуации во моментов е онаа со фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал кој чилеанските медиуми го пренесоа на „Олд Трафорд“.
Ретки се затоа што се многу тешки за давање. Давид Нагент од англискиот второлигаш Лестер ја прати во горниот агол и тоа со удар надвор од шеснаесетникот.
Поранешниот голман на Милан од 90 - те, Себастиано Роси повторно има проблеми со законот, откако италијанската полиција открила дека препродавал кокаин.
Поранешниот фудбалер на Барселона се врати на Камп Ноу како тренер, каде ќе се обиде да ги прати во шема старите правила во клубот кои функционираа со дуото Гвардиола-Виланова, но исчезнаа минатата сезона под водство на Тата Мартино.
Со почетокот на фудбалските натпреварувања се забележува секој најубав гол, најдобар потег, одбрана и слично, а во изборот влегуваат и промашувањата на годината. Веќе го имаме фаворитот за титулата цреп на годината. Рускиот Краснодар го торпедираше унгарски Диосѓор на гости со 5-1 на квалификациски меч од Лига Европа, а резултатот можеше да биде поубедлив да не беше епското промашување на Бистров.
Четата на Луи ван Гал тргна силно на подготвителните мечеви и го торпедираше Лос Анџелес Галакси со 7:0. Уште посилно удри обезбедувањето по завршувањето на мечот.
Тата Мартино не успеа да му донесе ниту едно славје на Каталонскиот тим кој ја имаше една од најлошите сезони во поновата историја, но тоа воопшто не ги поремети сметките во вториот највреден спортски клуб во светот.
Не е воопшто комплицирано, го пишуваш со маркер новиот играч кој пристигнал во твојот омилен клуб и лепиш трака врз името на стариот. Навивач на Ливерпул тоа го стари со бајатата 9-ка на Торес која ја замени со Рики Ламберт кој дојде од Саутемптон.
Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.
Репрезентативците на Мексико и Северна Ирска У16 си влегоа со клоци и боксови без ич да не им чуе за последиците. Групната тепачка се случи во 57 минута, а мечот заврши 2:1 за Ирците кои добија еден, а Мексиканците три црвени картони.
Додека останатите фудбалски клубови прават дежа - ву промоции по стадионите, шкотскиот Еир Јунајтед дојде до оригинална идеја. Второлигашот се одлучи за боди - пеинтинг промоција на дресот за сезоната 2014/15. Тешко дека навивачите ќе оддолеат да не го купат новиот дрес.
На Островот летово се фрлаат пари како на популарната игра Менаџер. Најмногу за сега троши Ливерпул кој воопшто не ги штеди 88 - те милиони фунти од продажбата на Суарез, а Саутемтпон направи пари за пет идни генерации.
Иако немаат многу време да се вртат по дома, фудбалерите не престојуваат во просечни станови. Месут Озил кој минатата сезона го засили Арсенал избра луксузна куќа која му ја дизајнираше Харисон Варма. Прекрасното здание има многу прозорци за да се добие поголема топлина за време сончевите денови во Лондон кои се околу 60 годишно во просек.
По Пирес, Љунберг, Луис Гарсија и Капдевиља, сега и Давид Трезеге ќе му се придружи на елитното друштво во индиското фудбалско првенство. Револуционерните промени кои ги ветија Индијците почнаа да ги остваруваат, а целта на стартот е да донесат славни имиња и да ги наполнат стадионите.
Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио ја даде најконтроверзната расистичка изјава овие денови на чизмата. Но уште полошо е што тој добива поддршка и има големи шанси да го победи Деметрио Албертини во трката за шеф на италијанскиот фудбал.
Претседателот на руската фудбалска унија (РФУ), Николај Толцик изјави дека е можно фудбалските клубови од Крим, полуостровот споен со Русија, да заиграат во руското фудбалско првенство.
Во новата сезона 2014/15 во Серија А, од вкупно 20 тренери, најмлад е Страмачони, најтрофеен Бенитез, најстар Земан, а дебитираат Пипо Инзаги со Милан и Маурицио Сари со Емполи. За сега се потврдени 15 стратези кои ќе стартуваат на 31 август.
Да се случеше некаде на Балканот или во Африка не би чудело, но во Англија ваков привид се случува еднаш во 100 години. На синоќешниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Интер, луѓето задолжени за пренос на средбата од САД ја оплескаа работата, откако ставија погрешни слики од неколку фудбалери на „црвените ѓаволи“. Очигледно е дека грешката е во режијата кај Американците кои ги помешале фудбалерите.
Грабнувањето на родителите и блиските роднини на познатите фудбалери најчесто се случува во опасните аргентински и бразилски квартови, каде целта на киднаперите е да чепнат во нивните милионски сметки преку уцени за нивно ослободување.
Пепе и Кеита не ги заборавиле грубите дуели кои ги имаа за време на најголемата шпанска пресметка. На пријателската меѓу Реал и Рома во Далас, Кеита најпрвин одби да се ракува со Португалецот, а потоа по еден негов жесток старт, го гаѓаше со шише вода. Римјаните славеа 1-0 со голот на Тоти.
На Светското во Бразил отпатуваа 736 играчи од 32 земји, а од нив се повредија само 28 фудбалери. Тоа е нула во споредба со она што му се случува на Абу Диаби кој повеќе е повреден отколку што игра.
Тифозите на Лацио збеснаа по новото засилување од Феенорд кој доцна синоќа слета на аеродромот Фjумичино во Рим. Холандскиот стопер, Стефан Де Вриј е нов член на небесно - сините.