Според пишувањата на шпанскиот весник Спорт, Луис Енрике во пресрет на новата сезона во Примера утврдил 10 правила кои ќе бидат задолжителни за фудбалери на Барселона.
Неговата намера е да ја врати дисциплината кај играчите кои делуваа опуштено минатата сезона, рекордна во остварување приходи, но без ниту еден трофеј.
1. Задолжително појавување во тренинг кампот еден час пред стартот на тренингот.
2. Забрането пиење алкохолни пијалаци за време на оброците.
3. Прибирање дома пред полноќ на 48 часа пред секој натпревар.
4. Голема недисциплинска постапка може да значи исфрлување на клубот.
5. Изјавите за медиумите треба секогаш да бидат со респект.
6. Паричните казни за фудбалерите ќе се движат од 1.000 до 6.000 евра.
7. Задолжително носење на опрема со амблемот на клубот за време на патувањата и официјалните средби.
8. Одговорност за објавување содржини на социјалните мрежи ќе си сносат самите играчи.
9. Забранети се екстремни спортови како алпинизам, мотоциклизам...
10. Парите од казните ќе одат во добротворни цели.
Кодексот на однесување кај фудбалерите е важен дел во тренерската работа на Енрике кој беше строг и додека беше тренер на Рома. Кога Де Роси задоцни на стадион пред мечот Аталанта - Рома 4:1, средбата ја гледаше од трибина.