Фудбал

Роналдо на часови по дриблање кај Меси

Најдобриот фудбалер на планетата за минатата година, не е во друштво ниту на најдобрите 20 дриблери во Европа, а подобар од него има и Бразилец од Хофенхајм.

Новиот јунак во градот на Данте Алигиери

Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.

Фудбалски терен со Величе на средина

Кога игравме како деца фудбал во маало, за стативи обично сме користеле камења, лименки или ако во некој парк начекаме дрва на блиско растојание. Естонија ни носи еден сосема поинаков пример.

Хет-трик на Кристијано Роналдо

Приматот на фудбалска и модна икона Роналдо му го зема на Бекам. Постојано штанца милиони, се дотерува и не се дели од гелот, а на последните три вести поврзани за него нема да видите некое голчиште или дриблинг од терен.

Детска селфи навивачка радост

Минатата недела Бешкиташ го елиминираше Ливерпул во Лига Европа на пенали, а за радоста по промашувањето на Ловрен денеска се појави видео од терен. Турците се луди за фудбал уште од мали, детево кое собира топки ќе ви каже зошто.

Ова е Наполи

За граѓаните на Неапол фудбалот е религија, а сонот на секое дете е да го облече небесно синиот дрес и да истрча на Сан Паоло пред 60.000 фанатични навивачи. Во 15-минутното видео, продукцијата Копа90 го доловува духот на фудбалскиот Неапол, кој на времето собираше пари од врата на врата за да го исплати Марадона.

Никогаш доста од Роналдињо

На финтава со кршење кичми најмногу паѓавме во транс додека ја правеше во Барселона, но тогаш барем топката беше на терен. На кусава снимка од сала се гледа дека го апгрејдирал дриблингот.

Кога опстанокот не бира големи и мали

Некои клубови понекогаш мислат дека се сигурни прволигаши и дека никогаш не би можеле да испаднат од најдоброто друштво. Сепак историјата го покажа спротивното и тие се дружеа со второлигаши.

Неубавата страна на фудбалската игра

По вчерашниот настан во кој Папис Сисе од Њукасл и Џони Еванс од Манчестер Јунајтед се плукаа еден со друг и ги очекува суспензија од шест меча, ќе се навратиме во историјата на овие уличарски потези.

Астрологот Доменех сака да ја води Р. Ирска

Поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменех нема работа од 2010. година кога играчите и целата француска јавност се кренаа против него. Следна желба му е клупата на селекцијата што не сака да го види од оправдани причини.

Лука Модриќ втор дел

По три месечна пауза, хрватскиот репрезентативец се враќа на теренот, а со тоа го враќа и расположението во кралскиот клуб. Неговото второ деби за Лос Бланкос може да се очекува веќе викендов на Сан Мамеш во Билбао.

Спортска среда на фаворити во Европа

На европскиот континент синоќа се играа натпревари од првенствата и дуели во купот, а фаворитските улоги ги оправдаа Барселона, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Менхенгладбах и Ливерпул. Скоцкавме компилација од најинтересното.

Верноста на Петр Чех и Челси

Во средата, британските медиуми пренесоа дека Жозе Мурињо нема да му прави проблем на Петр Чех ако овој сака да си оди на крајот од сезоната. Чешкиот голман решен да остане и да се бори за „единицата" со Куртоа.

Фудбалски химни, ретро верзија

Доколку ви се слуша, ви се пее или сакате да поднаучите навивачка песна за Бразил, Црвена Ѕвезда или некое Светско првенство ќе ви учиниме со помош на сајтот 45football која ја има архивата преполна со химни на клубови, репрезентации, Светски и Европски првенства, играчи.

Расен стрелец за кој никогаш не сте слушнале

Холандскиот напаѓач, пред Божиќ беше спремен да си замине од Волфсбург затоа што не го играа, но статусот му се смени преку ноќ и даде 13 голови на осум настапи во 2015-та. Најзаслужен е што Волфсбург е близу до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

ФИФА доживотно суспендираше англиски фудбалер за местенки

Мајкл Боатенг кој потекнува од младинската школа на Кристал Палас бил стимулиран со мито и обработувал за двајца посредници кои се поврзани со странски криминални обложувачки мафии.

30 најубави голови за февруари

Бас Дост, Кристијан Атсу, Обамејанг, Пиниља, Давид Алаба и 25 други фудбалери ги постигнаа најубавите голови во вториот месец од годината. Уживајте.

Фудбалери кои пукаа петарди за 90 минути

На 1 март 1980-та година, Ипсвич го декласираше Манчестер Јунајтед со 6:0. 15 години подоцна, Црвените ѓаволи се одмаздија на поубедлив начин, а Енди Кол влезе на листата рекордери со пет голови на еден натпревар, на која се уште и Бербатов, Дефо, Ширер.

Напаѓачот кој наместо Милан и Серија А одбра да биде сурфер

Човекот кој и денеска го застануваат на улица навивачите на Милан, веќе 10 години не е дел од најважната споредба работа во светот. Спортот каде се вртат милијарди тој го напушти на само 28 години за да има слободен авантуристички живот.

Романскиот ураган од слободен удар

Голот на Роберто Карлос од слободен удар против Франција во 1997-ма конечно има достоен конкурент за најубаво изведен фаул. Ремек делото е на Романецот Михаи Александру кој има 22 години, a го даде на пријателската средба Пандури Таргу - Биелско Биала.

Пандев два пати ја заби со глава

Фудбалерите на Галатасарај славеа убедлива победа од 4:0 на првиот четвртфинален дуел од турскиот куп против Манисаспор, а головите Горан Пандев ги постигна во 68 и 88 минута. За поранешниот македонски репрезентативец кој по завршувањето на сезоната се сели во Џенова, ова е седми гол за турскиот состав, сите во купот.

Нападот на Милан под нивото на Палермо и Џенова

Росонерите сезонава постигнаа 35 голови, реализација која за сега им го носи десеттото место, а за сега не им помага ниту тренерот кој до скоро им беше напаѓач и кој запиша 126 погодоци за овој тим.

Кога двајца голмани прават иста грешка

Претходната сабота играа Рајо Ваљекано и Леванте, а мечот го добија домаќините 4:2. Сите четири голови за Рајо ги постигна напаѓачот Алберто Буено (26) и тоа за 15 минути, од 23-та до 38-ма. Мечот го одбележаа идентични грешки на двајцата голмани.