Ќе станеше ли Србија светски шампион во фудбал доколку детево го послушаше татко му? Брада. Тој си тераше по свое, а тоа му донесе гол во 118 минута против Бразил со кој ја крена на нозе својата земја.
Сите ја паметиме „божјата рака” на Марадона, големата трагедија во Хилсборо, но фудбалот има донесено и многу чудни и невообичаени приказни како што е едноминутното молчење за навивачот кој уствари тогаш бил на стадион.
Монако го преполовија, а ПСЖ ќе мора да продава ако сака да купува поради финансискиот фер плеј. Од француската Лига 1 заминуваат фудбалери како никогаш досега.
Кандидатот со најголеми шанси да стане старо-нов претседател на Барселона изјави дека поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал ќе биде технички секретар во управата, доколку тој победи на изборите во клубот.
После Милан, Јуве и Интер, Парма е четвртиот италијански клуб и 15-ти во Европа со најмногу освоени меѓународни трофеи. Но едвај ја истуркаа оваа сезона во која немаа пари ниту да платат судии. Купувач не се најде и ќе мора да одат во четврта лига.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Чилеанецот пред неколку дена плачеше пред камерите откако цел свет дозна за инцидентот во Чиле. Тој сега реши парите што ќе ги добие од турнирот во Јужна Америка да ги донира во добротворни цели.
На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите од каде македонскиот шампион го стартува патот кон Европа.
Фудбалската академија Ла Масија одлично ги негува своите таленти кои во големата конкуренција се борат еден ден да стигнат до прв тим. Еден од сериозните кандидати за таму е 12 годишниот Чави Симонс.
Во својата историја, Црвените Ѓаволи имаа разни гарнитури на дресови. Иако класичниот црвен важи за омилен меѓу навивачите, Јунајтед знаеше да направи и тотална утка со дизајнот на дресовите. Еве ги најпознатите дресови на Јунајтед низ славната историја.
Хари Реднап важи за еден од најомилените тренери во Англија. Како тренер на Вест Хем во минатото откри неколку таленти, а во 1999. година на голема врата го најави и тогаш анонимниот Лампард кој играше за Чеканите од Лондон.
Фудбалерот на Шведска кој пред своето презиме има шест различни имиња, на 16 години стана член на Манчестер Сити, а сега како слободен играч ужива во настапите на ЕП У-21. Следна дестинација веројатно му е Италија.
Репрезентацијата на Србија е новиот светски шампион за фудбалери до 20 години, откако утрово со 2-1 после продолженијата го совлада 5-кратниот шампион во оваа категорија, Бразил. Во дуелот за третото место, Мали го победи Сенегал 3-1.
Додека многу од играчите ги слават победите, Роналдо по секој меч почнува со своите посебни ритуали кои му помагаат да се опорави од напорните 90 минути и физички и психички.
Извор за шпанскиот весник АС, кој го именуваат како Confidant X или доверливо лице ги објаснува методите како високи функционери на ФИФА ги пренасочуваат парите на свои сметки. Тој бил сведок како незаконски се богател претседателот на КОНМЕБОЛ, кој сега е во домашен притвор.
Алексис Санчез е еден од оние фудбалери на кои животот му поделил лоши карти, но на крајот ја добил партијата. Објаснува дека ситно трча на теренот, затоа што како мал играл бос и ги избегнувал камењата.
Стадионот на кој деновиве се играат натпревари од Копа Америка во минатото бил затвор во кој се убивале приврзаници на Салвадор Аљенде. Советскиот сојуз во 1973. не сакаше да игра реванш на тој терен за пласман на Светско, па ФИФА направи фарса.
Велешанецот Денис Махмудов кој е член на Цволе се исправи пред бугарските медиуми да даде изјава. И ја даде, ама на некој негов начин. Новинарот го прашува дали во Левски Софија доаѓа како слободен играч, а тој одговара: А убаво да, добро, супер е.