После 24 години Колумбија го совлада Бразил, а стрелец на голот беше Муриљо во 36. минута од мечот. Колку не му одеше на Бразил покажаа промашувањата на Фирмино и црвениот картон на Нејмар.
Со натпреварите Република Чешка - Данска и Германија - Србија вечерва започнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, турнир на кој во минатото се прославуваа Чави, Пирло, Фабрегас, Џилардино, Неста.
По лошата сезона, тренерот на Интер бара од претседателот Тохир да му бидат обезбедени нови играчи: дефанзивец, играч од средина и напаѓач од врвна класа кој ќе му биде поддршка на Икарди.
Со ремито против Мексико и триумфот против Еквадор, фудбалската репрезентација на Боливија е на чекор од четвртфиналето во Копа Америка. Пред неколку години, ФИФА им забрани да играат во Ла Паз поради надморската височина, но ги спаси Ево Моралес.
Србите се камења во квалификациите за ЕП со еден бод, ама затоа имаат младина која се избори за сензационално финале на Светското првенство за играчи до 20 години каде ќе играат против Бразил. Во полуфинале ја совладаа селекцијата на Мали со 2:1. Малин Гајиќ за малку не влезе во конкуренција во изборот за еден од најубавите голови на младинските Мундијали.
Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.
Дека Меси не е “светец“ во однесувањето, напишавме вчера кога не сакаше да прими награда и заедно со Ди Марија се мајтапеа на сметка на Тата Мартино. Се појави нова снимка од соблекувалната на Аргентина на која се гледа дека тие уствари се смееле на сметка на Агуеро кој вели дека резултатот не е лесен. Меси и Ди Марија на тоа се кикотеа како деца, а Парагвај во второ полувреме израмни на 2:2.
Во 2013. година го продаде Кевин Принц Боатенг во Шалке за 10 милиони евра, а сега би можел да го врати во Милан бесплатно. Тоа го може само Адријано Галијани.
Аурелио да Силва Переира ќе остане запаметен во фудбалската историја како човек чие шесто сетило го најде дијамантот од местото Фуншал на островот Мадеира.
По Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија, српскиот стратег денеска на Сан Сиро ја почнува петтата тренерска авантура во Италија. Медиумите на чизмата пишуваат дека во тренинг центарот на Милан стигнал како премиер со три коли. Договорот му е на две години.
Сезоната за Роналдо заврши, но не и за Меси кој има шанса да биде подобар стрелец од Португалецот. Роналдо ја заврши сезоната со хет – трик против Ерменија, донесувајќи и ја на Португалија најбитната победа со која се многу блиску до ЕП следното лето.
Голот на Роберто Карлос против Франција во 1997. година и натаму е предмет на расправа меѓу физичарите. Ерец Гарти од ТЕД-ед преку физиката го објаснува летот на топката по шутот на левиот бек.
По некои пратеници во руската Дума, сега и навивачите на Русија бараат Фабио Капело да си поднесе оставка, особено после поразот од Австрија 0-1 на домашен терен во неделата. Решени се да собираат пари за да се раскине договорот со Италијанецот.
Фудбалерот на Арсенал ја прекина својата интернационална „суша” на натпреварот против Словенија, а за двата гола се инспирирал од последниот документарен филм за поранешната англиска легенда Пол Гаскоњ.
Камерите понекогаш успеваат да снимат нешто за што играчите немаат претстава дека се слуша. Во таква ситуација се случува да дојде до неприлика, каква што направија Меси и Ди Марија кои му се потсмеваа на селекторот Херардо Мартино.
За време на дуелот од петтата германска лига меѓу Локомотиве Лајпциг и Рот-Вајс Ерфурт 50 навивачи влегле на терен и ги нападнале фудбалерите. Меѓу повредените и легендарниот играч на Баерн Минхен, Марио Баслер.
Хрватски коментатор ја коментира Удинезе - Сампдорија, меч од Серија А од пред неколку сезони. Денис напаѓа и промашува, а со него промашува и коментаторот.
Делегација на Рома утрово му го доставила проектот за новиот стадион на градоначалникот на Рим, Игнацио Марино кој изјави дека стадионот е од јавен интерес за цела Италија. Според Тоти тоа ќе биде модерен Колосеум и најубав стадион во Италија.