Со последните три погодока Роналдо ја заврши сезоната со вкупно 66 голови на 60 натпревари или во просек по 1,1 гол по натпревар.
Хет-трикот на Роналдо против Ерменија
Меси има максимум пет натпревари до крајот на сезоната, се зависи од тоа колку далеку ќе стигне Аргентина на Копа Америка. Со последниот негов гол против Парагвај тој стигна до бројката од 62 постигнати голови на исто толку натпревари. За да го достигне Роналдо, потребни му се уште четири гола, нешто што тој е повеќе од способен да го стори.
Голот на Меси против Парагвај
Меси и Роналдо во голгетерска смисла се над сите други. Ниту еден фудбалер не може да ги стигне, освен Џонатан Сориано кој игра во австриската лига и кој има извонреден просек. Напаѓачот на Ред Бул Салзбург оваа сезона ја погоди мрежата 44 пати на 45 натпревари. Сепак ова првенство не е на нивото на првенствата каде се игра врвен фудбал.
Да направиме мала споредба со појаките лиги, Агуеро (38 гола на 48 меча, со просек 0. 79), Нејмар (48 од 62, просек 0.72), Луис Суарез (28 од 46, просек 0.51), Тевез (27 од 52, просек 0,51) и Лаказет (32 од 46, просек 0.69).