Фудбал

Фарски острови 74-та фудбалска земја, Македонија 105-та

Ужасната игра во Жилина каде ја продолживме лошата традиција со Словаците ни донесе пад од пет места на ранг листата на ФИФА.

За партизаните сме, не сме нацисти

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ му напишал писмо на претседателот на УЕФА Мишел Платини со цел да ја спаси фудбалската репрезентација од исфрлање од ЕП 2016.

Славенички дресови за во канта

Чилеанскиот сајт GoalChile објави слика на која се гледа спремниот дрес на Аргентина на која пишува „Шампиони на Америка 2015“. Истото го направија лани и Бразилците кои се стремеа на шеста Светска титула, но во полуфиналето беа прегазени од Германија со 7:1.

Динамо Загреб четврт по извоз на играчи во Европа

Изјавата на спортскиот директор на Гронинген, Ханс Најланд дека „нема намера да пазари играчи на Балканот, затоа што не сака да ги гледа внуците од затворски решетки“ во целост го доловува фудбалското мешетарење на овие простори каде лидер во продажба е Динамо Загреб.

Премиер лигашите летово седум пати ќе ја прелетаат земјата

За време на подготвителниот дел за новата сезона која почнува на 8 август, 20-те англиски екипи од Премиер лигата ќе се распрскаат на сите четири корнери од земјината топка и ќе поминат вкупно околу 300.000 километри со авион.

Најголемите утки во Премиер лига за минатата сезона

Со отворањето на трансфер пазарот ова лето, клубовите кои ќе купуваат играчи ќе мора да бидат внимателни во изборот за да не им се повтори ланската година. Особено Манчестер Јунајтед кој се очекуваше да растура во напад со Ди Марија и позајмениот Фалкао.

Како мал го расплаче, сега го донесе во Барса

Шпанските медиуми уште во понеделникот објавија дека Арда Туран е нов фудбалер на Барселона, а денес избунариле по архивите и нашле интересен податок поврзан со Турчинот и Барса.

Ѓоковиќ му се извини на девојчето што собира топки

Откако го доби маратонот со Кевин Андерсон со 3-2 во сетови, Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот и се извини за тоа што во еден момент нервозно му се развика на девојчето што собира топки зад него.

Како Анчелоти реагираше на слободните удари на Пирло

Снимката е од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Милан и Депортиво ла Коруња одигран во 2004-та.

Нова епизода со Хулк

Прво од ударот на Хулк со се топка летна и голманот па не ни е беше јасно за што се работи, па потоа излезе дека сето тоа е една забава со моќниот Бразилец која продолжи со распаѓањето на топката и рушењето на ѕидот на плејстејшн

Тврдоглавиот и палавиот Дејан Савичевиќ преку сведоштвото на Бобан

Играа заедно за Југославија, служеа заедно војска, а од 1992-ра до 1998-ма се радуваа во Милан на три Скудета, Лига на шампионите, Супер куп на Европа...Савичевиќ не ги сакал тренерите и на тренинг го пцуел Капело, а Бобан морал да лаже во преводот.

Тохир почна да мава клоци во Интер

Дека во Интер атмосферата пред почетокот на сезоната е на добро ниво покажа и моментот на Сингапурецот Ерик Тохир со дефанзивецот Хуан Жезус.

Клучните мотиви за заминувањето на Пирло во Њујорк

Довчерашниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло за клупскиот сајт на Њујорк Сити ги наброи сите мотиви поради кои решил да се пресели во САД.

Како Нани му го украде ремек делото на Роналдо

Нани ги збудале навивачите на Фенербахче кои го пречекаа на аеродром, но еднаш го збудале и Роналдо на кој мајсторијата му пропадна во вода поради непромислениот потег на Нани.

Што имаат заедничко Лионел Меси и Горан Пандев?

Кога еден фудбалер игра одлично во клубот, а бледо во репрезентацијата тогаш критиките во родната земја се како добар ден. Тоа му се случува на Меси кого голем дел од Аргентинците го обвинуваат за поразот од Чиле.

Појавата на фудбалерот на векот

Едсон Арантес до Нашименто, во цел свет познат како Пеле дресот на Бразил за прв го облече на денешен ден пред точно 58 години на мечот против Аргентина.

Паѓа интересот за фудбал во земјата домаќин на следниот Мундијал

Според бројките објавени вчера од страна на државните анкетари, 73 проценти од Русите се изјасниле дека се незаинтересирани за фудбал, што е застрашувачки процент. Пред 10 години изнесуваше 43 проценти.

Од перач на коли кој играл фудбал бос до шампион на Јужна Америка

Роден во рударски град, без пари и со скромна плата на мајка му, Алексис Санчез сам се снаоѓал за да дојде до некој денар и да помогне дома. Градоначалникот му ги купи првите копачки, а тој возврати со донации за изградба на фудбалски игралишта.

Акција на плажа од 15 секунди без да тапне

Португалецот Маџер кој има 38 години тргна од центар со жонглирање, направи 13 и на крајот ја заби како на флипери. Ваквите видеа се гледаат, не се објаснуваат многу.

Евроголови во режија на жени

Светското фудбалско првенство за жени во Канада заврши со триумф на САД против Јапонија од 5:2. Наградата за најдобар стрелец ја добија Чарли Лојд (најдобра на првенството) и Целија Шашиќ од Германија со по 6 голови. Следниот Мундијал за жени се игра во Франција за четири години.

Стефан Ристовски е нов играч на Ријека

По пет годишниот престој во Италија и кусото искуство во Серија А со Парма, 23 годишниот македонски репрезентативец од следната сезона ќе настапува во хрватското првенство кое почнува следниот викенд.

Каков белег оставија играчите од Премиер лигата на Копа Америка

Алексис Санчез го реши финалето со пеналот против Аргентина, а солидни настапи имаа и Маурисио Исла и Едуардо Варгас кои настапуваа во КПР како позајмени фудбалери од Јувентус и Наполи. Варгас е и најдобар стрелец со четири постигнати гола заедно со Гереро од Перу.