Каков белег оставија играчите од Премиер лигата на Копа Америка

Алексис Санчез го реши финалето со пеналот против Аргентина, а солидни настапи имаа и Маурисио Исла и Едуардо Варгас кои настапуваа во КПР како позајмени фудбалери од Јувентус и Наполи. Варгас е и најдобар стрелец со четири постигнати гола заедно со Гереро од Перу.

Арсенал

Алексис Санчез на Копа Америка постигна само еден гол од игра, но го постигна најбитниот во пенал рулетот против Аргентина, обезбедувајќи си место во историјата на Чиле.

Голманот Давид Оспина додека траеше турнирот во Јужна Америка се соочи со мало разочарување по ангажирањето на Петар Чех од страна на топџиите. Но тоа многу не влијаеше на неговите настапи, солидна партија имаше во четвртфиналето против Аргентина со неколку извонредни одбрани. Пред сè по ударите на Лионел Меси и колегите од репрезентацијата.

Челси

Хозе Мурињо ќе мора да им даде подолг одмор на Фелипе Луис и Вилиан. Дуото од Челси ги одигра сите натпревари за Кариоките, иако Вилиан повеќе шанса доби по казната на Нејмар.

Хуан Куадрадо иако погоди против Аргентинците во пенал серијата, сепак немаше добар настап на ова првенство со постигнат само еден гол во четири натпревари. По сè изгледа Колумбиецот нема да биде во плановите на Хозе Мурињо за следната сезона.

Ливерпул

Фелипе Кутињо го пропушти отворањето против Перу, но на секој нареден натпревар за Бразил играше сè подобро и подобро. Тој со неговата вештина и брзина што ја покажа на мечот против Парагвај беше еден од ретките кој имаше солиден настап кај Кариоките. Новиот играч на Ливерпул Роберто Фирмино играше просечно на турнирот, против Колумбија се посрамоти промашувајќи голема шанса, но се врати со гол против Венецуела со кој на Бразил му обезбеди важна победа во групната фаза.

Манчестер Сити 

Фернандињо кој ги одигра сите натпревари за Бразил и погоди пенал против Парагвај, исто така може да се смета како пример за фудбалски лимитираниот состав на тренерот Дунга. Неговиот клупски колега Серхио Агуеро постигна три погодока за Аргентина со што беше најдобар стрелец на Гаучосите.

Одлуката на Тата Мартино со вадењето на Агуеро од игра се покажа погрешна, кој доколку останеше на терен со Пабло Забалета и Демикелис можеби немаше да ги чини пораз во финалето. Внесувањето на Игуаин на местото на Агуеро е една од причините за поразот на Аргентина, бидејќи Игуаин утна цел гол од пенал.

Манчестер Јунајтед

Формата на Анхел ди Марија на Копа Америка дава надеж за навивачите на Манчестер Јунајтед дека Аргентинецот конечно ќе ја подобри својата игра во црвениот дрес. Тој беше играч на натпреварот на дуелот против Јамајка и постигна два гола против Парагвај во полуфиналето. На овој натпревар гол постигна и одличниот дефанзивец на Јунајтед, Маркос Рохо.

Најдобрите од останатите екипи

Свои преставници од Премиер лига имаше и Еквадор со играчите Енер Валенсија од Вест Хем и Џеферсон Монтеро од Свонси. Сепак не успеаа да пројдат во нокаут рундата. Јамајка која доаѓа од африканскиот континент доби покана за настап на овој турнир. Играчи кој им настапуваат во Премиер лига се Вес Морган од Свонси и Адриан Мариапа од Кристал Палас, но сепак нивната репрезентација имаше три порази на исто толку натпревари.

Дефанзивецот на Сандерленд, Себастијан Коатес имаше само еден настап за Уругвај. Играчот на Астон Вила, Карлос Санчез имаше подобра минутажа за Колумбија, на почетокот имаше добар учинок во победата против Бразил, но беше суспендиран за четвртфиналниот дуел со Аргентина.

Сепак најдобрите 11 на овој турнир доаѓаат од италијанското и шпанското првенство, што значи дека од Премиер лигата нема ниту еден играч. 

6 јули 2015 - 14:28