Фудбал

БАТЕ и Рома сега и пред 10 години

БАТЕ Борисов вечерва ја пречекува Рома во рамките на второто коло од ЛШ. Пред 10 години овие два противника биле разделечени 264 места на ранг листата на УЕФА, а сега се на 58 и 61 место.

Нескротливиот кавгаџија Фаустино Асприља

Ако се занимаваме со рангирањето на приоритетите во животот на Тино Асприља, тогаш фудбалот би завршил некаде на петтото место - зад жените, ноќниот живот, коњските трки и оружјето.

Неочекуваниот резултат 4:1 во четири првенства

За само една недела лидерите во Серија А, Премиер лигата и Ла Лига беа шокирани со ист резултат, а тоа му се случи и на второпласираниот Сент Етјен во Франција. 

Шевченко очи во очи со Буфон на Олд Трафорд

Легенди како Роналдо, Неста и Тоти годинава славеа 39 лета, а во ова елитно друштво каде само Тоти уште се држи на терен, спаѓа и нивниот врсник Андреј Шевченко. Денешниот роденден ќе му го честитаме со три важни моменти од неговата кариера.

Кога ситното скапо ќе те чини

Голманот на Свиндон позајмен од Ливерпул, Лоренс Вигоро скапо ја плати шегата со управата на третолигашот кој реши да го врати на Енфилд.

Крај на фудбалските активности за Џек Ворнер

Етичкиот комитет на ФИФА му даде доживотна забрана за работење во фудбалот на 72 годишниот бизнисмен и политичар од Тринидад и Тобаго, кој во САД е обвинет за рекет и перење пари.

Џабе се радуваш, офсајд крена

Еден од линиските судии на мечот Тотенхем - Сандерленд го направи најголемиот судиски привид во Премиер лигата минатата сезона. Му поништи чист гол на Јан Вертонген, иако Белгиецот не беше во офсајд. Од тој момент, Англиската федерација размислувала да го префрли да суди во лигата за деца до 10 години.

11-те голови во Англија и лудиот пресврт на Манчестер

Два незаборавни моменти кои се имаат случено на денешен ден, а се од поновата историја на англискиот фудбал не се испуштање. Првиот е највисокиот резултатот во историјата на Премиер лигата кој се случи на средбата Портсмут - Ридинг и пресвртот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем по негатива од 0:3.

Волфсбург капут?

Учесникот во Лигата на шампионите, Бундеслигашот Волсфбург се соочува со сериозно неизвесна финансиска иднина, поради големиот скандал во кој е вмешана автомобилската компанија Фолксваген.

Глупчо, требаше да останеш во Реал кога имаше 14 години

Поранешниот агент на Нејмар се огласи по повод најновиот скандал на Бразилецот на кој му го замрзнаа имотот и му порача дека треба да си ги земе парите и да ужива на плажа по Европа.

Српските фудбалери носат готвач во Албанија

Квалификацискиот натпревар од групата И меѓу Албанија и Србија се игра на 8-ми октомври во градот Елбасан, а веќе се крчкаат игрите кои немаат многу нешта со фудбалската топка.

Необичен ден во Баерн Минхен

Објаснување за стартната брзина на Робен, како Ноер има најдобри одбрани и во која мера боксот му помага на Давид Алаба во фудбалот. Сè во едно видео.

Болничка сирена за прослава на гол

Мариано Горосито го постигна третиот гол во триумфот на неговиот Лухан над Аргентино Мерло од 4-0 и го прослави голот со свирката на паркираното амбулантно возило. Ова другово возило па можеше контра да спречи.

Пол Гаскоњ - приказна за најголемиот хулиган меѓу фудбалерите

Малиот Пол, второ од четирите деца, првите фудбалски чекори ги направил на улицата Пит 29 во местото Данстон. Кога ќе се стемнело, се враќал дома и често јадел пржени риби, слушајќи го во позадина пијаниот татко Џон на кој Гаскоњ ќе се метне.

Трејлер од документарецот за Роналдо

По 14 месеци снимање, на 9 ноември ќе се прикажува документарен филм за трикратниот освојувач на Златната топка. Ова е првиот официјален документарец авторизиран од португалската ѕвезда која во јануари 2014-та стигна до 400 голови во кариерата.

Најбрзите 100 голови на Левандовски и неговиот конкурент од Габон

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови на 7 меча, што е најдобар старт во последниве 40 години во Бундеслигата, а Обамејанг стрелаше на сите досегашни меча за Борусија оваа сезона. Овие двајца голгетери ќе играат еден против друг во следното коло.

Првата љубов не се заборава

Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез во едно гостување на аргентинска телевизија изјави дека поради Бока Јуниорс одбил годишна плата од 20 милиони евра од Кина.

Спортски испад на убавата Босанка

 „Фудбалерите на Зрински го поразија Радник со 0-0“, изјави убавата Аднана во прегледот на 10. коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина и комотно го продолжи дневникот.

Виолетова носталгија со Толдо, Батистута и Руи Коста

Откако синоќна го прегази Интер со 1:4 на Џузепе Меаца, екипата на Фиорентина за првпат после сезоната 1998/1999 е лидер на табелата во Серија А. Се потсетивме кои фудбалери играаа за виолетовите во тоа време.

Како кај нас на Градски

Ама кај нас барем се движи по атлетската патека, а вака во обид да спаси еден, може да загрози друг живот. 

КОП за Клоп

Навивачите на Ливерпул веќе неколку недели бараат од управата да го смени тренерот Брендан Роџерс со Германецот Јирген Клоп, кој исто е заинтересиран за клупата на Црвените.

Ел Гази е новата ѕвезда на европскиот фудбал

Анвар Ел Гази, Холанѓанецот со мароканско потекло има 20 години а веќе одигра 59 натпревари за првиот тим на Ајакс и постигна 19 голови. Ел Гази пред неколку дена одлучил да настапува за Холандија, иако имал право да игра и за Мароко.

Како Вулверхемптон станал светски шампион

Има приказни во кои не секогаш волкот е лош. Има земји во кој волкот е сакан и почитуван. Има и места, каде волкот живее во строг центар, како на пример во срцето на регионот Вест Мидленд во градот Вулверхемптон.

Сеп Блатер е под истрага за криминал во ФИФА

Швајцарското обвинителство отвори кривична постапка против првиот човек на Светската фудбалска федерација кој е во заминување. Се сомничи дека назаконски му префрлал пари на Мишел Платини.