Bookbox

Жената која можела да биде кралица на Англија

Неуспешната кампања за лејди Арбела Стујард да влезе прекутрупа во наследната линија започнала со проводаџиска шема воспоставена од нејзините две баби. Трагичноста на нејзината понатамошна судбина сепак не е во тоа што не станала кралица.

Моторните пили не биле измислени за да сечат дрва туку за - помош при пораѓање

Пред денес вообичаената употреба на царскиот рез кога имало пречки за природно породување, била изведувана операција наречена „симфизиотомија“, кога се отстранувал дел од коската на карлицата за таа да може полесно да се прошири. И ова се правело со нешто од што подоцна настанала - моторната пила!

Карлос, Гиљермо и Каталина Мидлтон: забуната околу преведувањето на имињата на кралските семејства

По повод смртта и погребот на кралицата Елизабета Втора, медиумите во Европа беа преплавени со текстови на оваа тема. Но во некои земји каде кралските имиња се уште се преведуваат на локалниот јазик беше тешко да се сфати кои се тие „Карлос“ и „Литера“.

Постхумното отворање на пакет што Лу Рид си го испратил на самиот себе

По смртта на Рид, двајца архивисти и неговата вдовица, Лори Андерсон, откриле мистериозен запечатен пакет од 1965. Во него - богатство.

Како да ги споиш „Квин“ со јапонско кабуки?

Неисцрпно инспиративна, „Ромео и Јулија“ сега е основа за нова јапонска претстава која наскоро ќе гостува во Британија. Се вика „Ноќ во кабуки“ и комбинира забранета љубовна приказна која се одвива во 12 век со музика од „Квин“. 

Како куќички за кукли: малечките реконструкции на убиства на првата форензичарка

Се викала Франсис Глеснер Ли, била пионер на форензиката во САД, а нешто во што го вложила и својот креативен и својот занаетчиски талент, бил проект кој се состоел од 20 диорами со сцени од вистински убиства.

Доктори во Брисел препишуваат музејски посети како терапија

За да ја поттикне грижата за менталното здравје, една од најголемите болници во Брисел тестира програма која вклучува бесплатни посети на музеи. 

Ви се чита книга од 21.450 страници?

Се води како најдолгата книга во еден том, а од неодамна е во продажба, со ограничен број примероци. Станува збор за дел од манга серија, која е намерно направена за да биде физички нечитлива, со што е повеќе како скулптура. Еден примерок е 2000 евра.

Писателката која како миленичиња чувала - полжави

Патриша Хајсмит е најпозната по своите романи преточени во филмови, како „Туѓинци во возот“, „Талентираниот господин Рипли“ и „Керол“, иако нејзината биографија открива многу поинтересна личност отколку „обична“ авторка на бестеселери. Меѓу другото, таа имала и необични домашни миленичиња.

Најинтензивниот „филибастер“ говор траел повеќе од 24 часа

Филибастеринг е обид да се спречи гласање преку пролонгирана дебата, кај нас познатo и како деловничка блокада, кога „дебатата“ се состои од читање поезија или од просто молчење. Зборот потекнува од францускиот и најпрвин се однесувал на пирати кои ги пљачкале шпанските колонии. Растегнувањето на носењето на некој закон или одлука знае да биде забавно, ризично но и напорно, доколку оној што се нафатил на тоа е сосема сам.

Запек на шкорпии, вртење кваки и алгоритам за оговарачи: Иг Нобел 2022

Сатиричните награди од областа на науката, кои се доделуваат пред оној вистинскиот Нобел, секоја година успеваат да нè насмеат. 

Зошто краткоста не е (секогаш) доблест?

Можеби сте го забележале тоа во книги кои претендираат на комерцијален успех, па дури и како бавна но сигурна промена на стилот кај автори кои не почнале со таква намера. Романите кај нив се поделени на подпоглавја, кои повеќе личат на раскази, а речениците се кратки и „ту д поинт“. Колку идеи умираат ако речениците се сведат на само шест зборови? 

Подкаст како опера и мјузикл: неверојатната креативност на еден медиум

Одамна ни се немаше случено нешто да нè помрдне до толку да помислиме дека раскажувањето приказни има уште што да понуди во смисла на мултимедијалност и шареноликост. Покрај сите дигитални технологии, анимации, вакви и онакви ефекти,  излезе дека е доволно да сакаш само малку да си поиграш, излегувајќи од удобната зона на она што го познаваш.

Последниот човек кој продава флопи дискови

Колку и да звучи чудно, човекот не може глава да крене од нарачки. Има поединци на коишто флопи дисковите им требаат за уметнички проекти, но има и големи индустрии како авионската или медицинската кои ги купуваат на илјадници. Како и да е, тој вади леб од нешто што ние одамна сме го отпишале како отпад.

Скриената историја на „говорот со раце“ - домородниот знаковен јазик на северноамериканските Индијанци

Бил неколку века постар од американскиот знаковен јазик (АСЛ) кој денес се смета за стандарден за оваа територија. Гестовите кои ги подразбира можат да се најдат на древни записи на карпи. Па сепак, и покрај залагањето на поглавиците и домородните заедници, тој бил навјасан од доминацијата на АСЛ.

Крвавиот обид за киднапирање на британска принцеза

Дури седуммина се обиделе да го запрат Јан Бол, невработен ментално болен од северен Лондон, кога овој се обидел да ја киднапира принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора. Еден новинар, поранешен боксер, двајца шофери и тројца полицајци подоцна биле одликувани од кралицата. А мајката им се заблагодарила.

Кога го забраниле лебот на парчиња

Во раните денови на пандемијата да месиш стана тренд, но во поголемиот дел од 21 век, барем во западниот свет, лебот, особено белиот, е извор на злите јаглехидрати. Сепак, во време на криза да немаш леб се уште значи да немаш храна. А ако имаш леб, ама не е сечен, е тоа значи дека самиот треба да го претвориш во сендвичи. Тешка работа за некои Американци. 

Помалку познатата Џејн Остин: нејзината сатирична книга за англиските монарси

Заедно со својата сестра Касандра, Остин во своите тинејџерски години напишала потсмешлива книга која се однесува на англиските монарси. Во неа Елизабета Прва е претставена како вештерка, а најголемите симпатии се кон Крвавата Мери.

Приказната за војвотката без нозе (и еден полицаец без рака)

Кражбите на уметнички дела отсекогаш биле одлична основа за трилер-акција наративи, во кои фикцијата се меша со фактите. Една таква се случила во 19 век и вклучува портрет на војвотка, крадец кој бил инспирација на сер Артур Конан Дојл и еден полицаец кој останал мирен додека тигар му ја јадел раката. 

70 милијарди постови: феноменот на „БукТок“

Социјалниот медиум ТикТок од неодамна вложува повеќе пари и напори за да ја збогати својата содржина поврзана со книги, партнерства со книжари и издавачи и настани во живо. Резултатот е таков што не може а да не биде земен сериозно.

Од Хелен Мирен до Оливија Колман: филмските портрети на Елизабета Втора

Со оглед на тоа што владееше цели седум децении, Кралицата беше и културолошка икона. Интересно е дека на филмското платно беше портретирана и во биографски филмови, но во многу поголем обем во комедии и пародии. 

„Бајачки најавуваат седум гладни години“: што пишувале регионалните медиуми пред еден век?

„Социјалните разлики се на секој чекор - богатите се сè побогати, сиромашните сè погладни. Притоа, животот сурово се поигрува со оние кои немаат ништо“. Звучи како да не е напишано пред еден век, нели?

„Наскоро ќе има пита со суво грозје“: колачот кој асоцирал на смрт

Раздавањето храна на погреби и задушници е традиција кај повеќе народи во светот, па и кај нас. Но наместо блага пченица, во Пенсилванија во 19 век се раздавала пита поради која на погребите доаѓале и куп непознати, а гладни гости.

Посета на музеј како афродизијак?

Полски музеј ги моли своите посетители да престанат да водат љубов во неговите простории. На социјалните мрежи се бараат видеата. A во одбрана на паровите заинтересирани и за историја, но и за биологија, некој вели - па има ли нешто повозбудливо од тоа да видиш топ во живо?