Во серија експерименти објавени во Списанието за експериментална психологија, на студенти им е побарано да одговорат на 80 прашања од општа култура со еден збор. Доколку не дале точен одговор, биле прашувани дали имале чувство дека тој им е на врвот на јазикот, и ако да, тогаш требало да обезбедат делумна информација за него, како првата буква, бројот на слогови или како звучи. Тимот заклучил дека луѓето во состојба на „на-врв-на-јазик“ почесто давале делумни информации, дури пет пати повеќе од останатите.
Но таквите информации биле погрешни. Наводните „присеќавања“ на звуците и бројот на слогови не биле дел од точниот одговор. Иако претпоставките во врска со првата буква биле точни само во 11% од случаите, самите испитаници биле убедени дека се во право во 58% од времето.
Новата студија ја демистифицира оваа состојба, но механизмот позади „врв на јазик“ сепак останува мистерија. Една можност е дека луѓето препознаваат некој елемент во прашањето - нешто им сигнализира дека во нивната меморија постои релевантна информација во врска со него и дека таа меморија треба да се пребара. Можеби „на врв на јазик“ е состојба слична на „веќе видено“ (дежа ву), која е особено честа кај луѓе со одредени невролошки пореметувања како епилепсија. Во обата случаја се појавува чувство на препознатливост врз основа на кое се обидуваме да извлечеме некоја „логика“, со тоа што ќе си кажеме себеси дека најверојатно тоа нешто сме го виделе или сме го научиле претходно. Конфабулацијата (мемориска грешка кога создаваме погрешни спомени за себеси и светот) е многу почеста отколку што претпоставуваме.