Ренесансниот уметник Албрехт Дирер му се одмаздил на богат нарачател кој не сакал да му исплати фер надомест, со тоа што си внел автопортрет точо во центарот на делото кое датира од почетокот на 15 век.
Нинбершкиот мајстор бил најмен од богатиот франкфуртски трговец Јакоб Хелер. Автопортретот е додаден во знак на револт од неговиот наводно неправичен однос, и претставува изолирана фигура во пејзажот, која никој не би очекувал да ја види среде целата монументална композиција од апостоли кои ја набљудуваат Богородица. Ваквото позиционирање на сопствениот портрет веднаш под Богородица и Исус е секако намерно, за гледачот никако да не може да промаши.
Практиката на Дирер да си додава дискретни „камеа“ од себеси во сликите е позната, но најчесто тоа го правел на работ на сликата, речиси како потпис. Овој пример е различен, а дека целата работа е поттикната од одмазда покажуваат и сочуваните преписки со трговецот.
Станува збор за девет писма од 1508 и 1509 во кој тој протестира што не е соодветно награден. Материјалите биле скапи а тој морал да ги исплати и своите асистенти за изработка на страничните крила на делото кое требало да краси црковен олтар. Најпрвин се согласил на 130 флорини, но потоа сфатил дека сликата е многу поамбициозна од планираното и дека трговецот ќе треба да плати повеќе од 100 флорини само за пигментот.
„Губам време и пари а ја добивам само вашата неблагодарност“ - вели уметникот во едно од писмата. Во друго прашува: „Што мислите, колку изнесуваат моите животни трошоци?“
Трговците биле важни фигури во спонзорирањето на ренесансната уметност, но од односите со нив произлегувале и различни проблеми. Тоа што молел за фер надомест го натерало Дирер да се заколне дека веќе нема да слика комплексни олтарски композиции. Неговото ремек-дело било уништено при пожар во Минхен во 1729 а истото е познато само од копија на нинбершкиот сликар Јост Харих, која денес се чува во Историскиот музеј во Франкфурт.