Кога пред три децении Ед Стили, кој денес има 85 години, почнал да изработува инструменти, всушност немал појма што прави. Немал никакво искуство ниту некој да го подучи, а богами немал ни материјали, освен остатоци од дрво од пиланата каде работел. Ама имал едно нешто што не се купува - верба.
Лиса Леви е сликарка, концептуален уметник, комичарка и самопрогласен психотерапевт. Нејзиниот најнов проект - седење два дена на клозетска шоља, како форма на протест против сето срање во современата уметност.
Целосниот назив на книгата за којашто станува збор е: „Магијата на к*р ме боли: како да престанеш да трошиш време што го немаш со луѓе што не ти се допаѓаат, правејќи нешта што не сакаш да ги правиш". Од одма препознавте дека таа е и за вас?
Лесно е да напишеш текст со ваков наслов, а притоа да си Американец, професор на Колумбија и лингвист кој генерално се радува на разновидноста на дијалектите, промовирајќи го тоа мноштво пред идејата за еден единствен монолитен „јазик". Кога би го напишал наш човек, тоа веднаш би звучело како негирање и на јазик, и на народ, и на куќен совет и на роднини до трето колено. А објаснувањето некако има смисла.
Спондилоза, сколиоза, мигрена, „карпал" синдром, заседеност, вертиго од постојано гледање во трепкачкиот курзор, мамурлук и стрес. Сето ова (а сигурно и повеќе) се професионални болести, дури и на остварените писатели.
Во 2008 Скарлет Јохансон го објави Anywhere I Lay My Head - нејзин деби албум кој содржи исклучиво кавери на песни на Вејтс. Уште во најава некои од нас (од чиста љубомора) го оценија проектот како арогантен, а Јохансон за добра актерка, која гребејќи се од музички пославните од неа сака да покаже дека може да биде и пејачка.
Х. Џон Бенџамин, гласот зад анимираниот „Арчер", со богата филмска и телевизиска биографија, има повеќе таленти. Но свирењето пијано не е еден од нив. Со само три часа вежбање, тој сепак успеа околу себе да собере познати музичари и да сними албум со прилично искрен наслов.
Колку различни предмети допирате во тек на еден час, или во тек на денот? Една фото-серија покажува не само дека се тоа многу предмети, туку и како тие се разликуваат од култура до култура
„Филм за лезбејска љубов" е точен, но прилично површен опис на она што се случува во „Керол", филмот на Тод Хејнс номиниран за шест оскари. Книгата нуди малку подетален увид во контекстот на приказната и во политичките ставови на нејзината авторка.
„Човек, ѕвер, светец, маченик, дух" - вака го опишува Инариту главниот лик во неговиот филмски еп, човекот кого историјата го памти како Хју Глас, а американскиот фолклор како супер-херој.
Да забраниш пцуење со декрет, па уште и во затвори? Вакво нешто може да му текне само на политичар, кој е доволно самобендисан да не мисли дека можеби еднаш ќе заврши таму. И ќе реди сè по список.
Ваквите случаи биле ретки, но сепак Академијата понекогаш одлучувала да поништи номинација или да дисквалификува некој филм откако тој бил номиниран. Еднаш дури одзеле Оскар на филм што веќе го добил. Еве неколку такви примери.
И пак од рак, и пак на 69 години - уште еден голем Британец го напушти овој свет. Стинг деновиве е забележан како поагилно вежба тоа јогата, Брајан Фери почесто се загледува во огледало, а и на Стивен Фрај нешто не му е баш најарно. Само Кит Ричардс не покажува знаци на тревога.
Еквивалентот на Нобел за архитекти оваа година го доби 48-годишниот Чилеанец Алехандро Аравена. Суштината на неговата работа не е само во објектите кои ги има дизајнирано, туку во пристапот кон луѓето кои треба да живеат и работат во нив.
Кога минатиот месец Оскар Писториус беше осуден за убиство, судијата го опиша случајот како „човечка трагедија од шекспировски пропорции". Правниците често посегнуваат по делата на Бардот, како нивната содржина да има не само уметничка, туку и правничка тежина.
Во 60-тите хипиците ставаа цвеќиња во цевките на оружјето.Во нова серија фотографии Тајрин Сајмон ни претставува еден поинаков „флауер пауер" - букети кои стоеле на масите каде светските лидери потпишувале значајни договори за историјата на човештвото.
Без намера да наддаваме во глупиот натпревар на „Ја го сакав Х кога никој од вас не го сакаше", од луѓе за кои приватно (и јавно) знаеме дека Боуви им бил херој, кои ја свиреле неговата музика, организирале трибјути „за живота" и генерално со години му го следеле ликот и делото, побаравме да напишат збор-два, или да ни дозволат да објавиме нивни постови на темата.
Денес пишувавме за гонзо-новинарството на Шон Пен, што некако логично се поврзува со ликот и делото на Хантер С. Томпсон. Неговиот син има нова книга, „Приказни што си ги кажувам себеси", која го опишува чувството да имаш татко чиј ден почнува со виски и кокаин, а со кого се дружиш само кога заедно чистите пушки.