Вицовите (или подобро навредите) кои се дел од новата изложба на Yo mama jokes во Музејот во Квинс во Њујорк. се снимени на повеќе места низ светот (Хелсинки, Мексико Сити, Берлин, Њујорк), од нив е направено видео (види подолу), и тоа се прикажува во континуитет на еден од ѕидовите.
Изложбата е всушност промоција на архивата која собира вакви „фолклорни творби". Таа се вика Џанкс, a e именувана според сленг во јужна Алабама за навредливи вицови. На нејзиниот сајт има и такви „народни мудрости“ од овој жанр кои се тешко преводливи, или барем поапстрактни, на граница со поезија. Такво е финското „Косата ти е како шума. Не толку густа, ама полна живот".
Еден од авторите на изложбата вели дека јазикот со којшто се искажани овие „смешки" може да е прилично вулгарен, но на крајот на краиштата ја исполнува целта на хуморот - да ги насмее и сплоти луѓето.
Аха, сè додека не вицот не е за твојата мајка.