Британската компанија Vinyly, формирана 2010, за 2000-4000 евра ја „конвертира“ пепелта на починатите во винили. За ова вие (или оние кои ќе ве наследат) добивате 12 минути аудио на страна А и страна Б, а тоа може да вклучува последни зборови, спомени, лиценцирана музика или звуци од „пуцкањето“ на пепелта.
Во комплет со винилот може да се одберат и различни персонализирани RIV (Rest in Vinyl) пакети, од уметнички изработен портрет, до текст кој ги вклучува најбитните биографски податоци за починатиот, а можна е и нарачка на посебно компонирана музика.
Мотото им е „Живеј и после грувот“, а велат дека услугите ги нудат „за луѓе, делови од луѓе (?!) или љубимци“. „Кога албумот на животот ќе заврши, нели е убаво плочата да се врти засекогаш?“, реторички прашуваат тие. Семејството и пријателите можат да бидат присутни на правењето на плочата, што вклучува „наросување“ на пепелта во винилната смеса пред таа да биде отпечатена.
Инспирацијата на основачот на сервисот, Џејсон Лич, му дошла од долгодишното искуство на неговите родители во погребниот бизнис, преку коe сфатил дека мора да има нешто поинтересно од тоа да бидеш „урна на полица“.
Во отсуство на крематориуми кај нас, останува во плочата да се вгради од ракијата за душа.
10 минутно филмче за правењето на албумот на животот тука