Петметарската скулптура, која патем е направена од пластика (!), „боде очи" и „може да има лошо влијание врз учениците во блиското училиште", изјавила скандализираната госпоѓа. „Како можевте да поставите човек без пантолани во центарот на Петерсбург, и тоа близу школо и црква?", додала таа во жалбата која ја поднела до Здружението за заштита на правата на децата. „Овој џин го расипува историскиот лик на градот и ги напаѓа детските души".
Џабе градските власти се обидувале да ја убедат дека во поранешната руска престолнина има уште многу вакви „голи" статуи, и попусто директорот на школото тврдел дека неговите ученици се „доволно образовани" за да не бидат шокирани од ренесансно ремек-дело. Морализаторскиот повик изгледа имал ефект - не знаеме дали иронично и заради реклама, или крајно сериозно, сега оние кои ја имаат поставено статуата заради промоција на мултимедијалната изложба „Микеланџело-создавање на светот" (која беше отворена во мај, а ќе трае до октомври), изјавиле дека „не можат да ја игнорираат критиката“. Тие започнале иницијатива „Облечете го Давид" (звучи како онаа рубрика од Политикин забавник, „Облечете ја Цица“). Најпрвин од жителите ќе се бара да сугерираат што облека би требало да носи статуата, а потоа од 16-23 август ќе се организира гласање на кое секој ќе може да ја одбере најдобрата опција. Една од нив ќе биде „оставете го онаков каков што си е".
Кај нас додуша за Прометеј не се ни гласаше..