Bookbox

Џек Николсон ќе глуми во холивудска верзија на „Тони Ердман“

Германскиот филм, кандидат за Оскар и за Златен глобус, е топла приказна за однос помеѓу татко и ќерка, која на моменти има апсурдни и трагични тонови. Сега се подготвува негова „американизација“. 

Режисерот на Џејмс Бонд кој самиот бил таен агент

Тоа дека креаторот на Бонд, Јан Флеминг, црпел книжевна инспирација од сопствената шпионска работа е добро познато. Но дека тоа го правел и режисер на неколку филмови за 007, меѓу кои „Голдфингер“ и „Живеј и остави да умрат“, многумина го дознаа дури по неговата смрт.

Еротиката пред Плејбој и Порнхаб

За да се насладувате на визуелни прикази на секс порано не сте морале да имате интернет. Но сепак требало да бидете во одбрано друштво претплатници на ограничен број примероци високо уметнички илустрирана литература. Која и не била толку за читање, колку за гледање.

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.

„Скриени цифри“ или приказната за заборавените црни математичарки од НАСА

Уште еден филм во трка за овогодишниот Оскар (покрај „Хоксоу Риџ“ за кого пишувавме тука) е правен според вистинска приказна. Овој пат за Афро-американките кои помогнале во тоа САД да ја освои вселената. Насловот - Hidden Figures - може да се преведе и како „скриени цифри“ и како „скриени ликови“. Сепак се одлучивме за првото, заради математичката конотација.

Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

Сите сцени од „Денот на мрмотот“ во едно видео

„А што ако нема утре? Eве на пример, денес немаше“.

ММЕ кој прв почна да пишува за пари

Кога парите ќе се замешаат во муабетот за уметноста, одеднаш како во собата некој да прднал. Наместо да се преправаме дека не ја чувствуваме смрдеата, можеби е подобро чесно да ставиме цена на секој наш збор. И да не ги обвинуваме (старите) Грци што први се сетиле на ова.

Зборот кој ги расипува извинувањата

Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.

Нов троен албум на Дилан

Човекот убаво викаше дека е премногу зафатен за да го оддржи Нобеловиот говор, и дека затоа ја праќа Пети Смит да го стори тоа во негово име. Тогаш не му веруваа, ама еве, сега кога му излегува нов албум, јасно е дека имал работа.

Брајан Кренстон ќе го игра „пророкот“ Хауард Бил во театар

Некако ни е лесно да го замислиме некогашниот Хајзенберг од Брејкинг бед во улогата на полудениот телевизиски водител од антологискиот „Мрежа“ од 1976. А уште повеќе современа верзија на истиот текст. Всушност, и нема многу потреба од осовременување, сè си е кажано.

Војникот кој невооружан спасил 75 ранети

Еден од филмовите кои е номиниран за Оскар оваа година е биографската воена драма за американскиот болничар кој служел во американската војска распоредена на Пацификот во текот на Втората светска војна, прв кој добил Орден за храброст иако не сакал да допре пушка.

Лекции по правење чај

После првата „Чајанка на душата“, кога се бараше чајник и шоља повеќе, ве каниме на втората чајна дружба и гледање на ливчиња чај. Во пресрет на Трипун и Валентајн, дозволете да ви видиме како ќе ви оди во љубовта и со алкохолот.

56 македонски писатели за достоинство

Како директна реакција на овогодишните резултати од конкурсот на Министерството за култура во областа на издаваштвото, педесетина автори потпишаа Проглас за достоинство на македонскиот писател и на македонската книжевност. Го пренесуваме во целост.  

Зошто стаорците се секогаш лошите?

Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.

„Алтернативни факти“ или среќна нова 1984-та

Орвеловата дистопија повторно се качува на врвот на бестселер листите. И како што тргнале работите, речникот на новоговор наведен во нејзиниот апендикс изгледа ќе треба редовно да се освежува со нови креативни решенија, за новите генерации. 

Прогласена највлијателната академска книга во Британија

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.

Aмазон воведува награда за автори кои самообјавуваат на Киндл

„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени. 

Што (не) чита Трамп?

Човекот, за разлика од неговиот претходник, не е по книгите. Но сепак многу чита. За своја душа.

Што е тоа „популизам“?

Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?

Како тоа „Ла ла ленд“ не е „ништо особено“?

Наспроти латинската мудрост која упорно го тврди спротивното, вкусовите, па и оние филмските, си се стандардно поле за расправање. И генерално, фала богу за тоа. Но одамна не сме доживеале филм да направи толкав раскол, при што најлошо проаѓаат оние кои останале рамнодушни.

Јолокауст - селфиња среде холокауст

На прв поглед фотографиите се сосема обични. Имаат хаштази, емоџи (смајли, срце, ѕвездичка), ликовите на нив изгледаат како да се забавуваат. Но нешто почнува да не штима кога ќе сфатите дека тие се направени среде споменик на холокаустот.

Човекот што фотографираше мисли и соништа

Луј Дарже, командант во француската војска, бил уверен дека со поставување фотографска плоча над челото може да регистрира што се случува во човечкиот ум. Неговиот обид за научно издржана „мисловна фотографија“ не успеале, но сепак извршиле влијание врз современите напори во оваа смисла.

Лингвистиката во „Пристигнување“

Ако мислите дека ова е филм за вонземјани со седум пипци кои се обидуваат да искомуницираат со човештвото, имаме мало изненадување за вас. Вистинските главни ликови во него не се ни таа лингвистката што се обидува да ги разбере, ни хептаподите Абот и Костело, туку други двајца, со по две раце и две нозе, кои се викаат Сапир и Ворф.