Bookbox

Рокенрол халата на славните бара библиотекар

Знаеме некои локални ликови кои лежерно би можеле да аплицираат и да го добијат местото, со оглед на тоа што се подвижни музички енциклопедии. Иако според огласот не делува дека позицијата е многу „рокенрол“.

Научници откриле 23 празни страници кои би можеле да бидат загубено дело на Бекет

Во 2006, само неколку недели по 100-годишнината од раѓањето на славниот драматург, во неговата архива се пронајдени куп празни листови. Еве како извести Тhe Onion за тој вонсериски настан.

Teaтарска претстава за Големиот хадронски колајдер

Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент.

Човекот кој организираше 250 сликари да нацртаат портрет на неговиот пријател

Брет Јаско и Џон Ригерт се долгодишни пријатели. Обајцата живеат во Питсбург, каде првиот се занимава со графички дизајн, а вториот со сликарство. Но Џон уште од трауматичното детство постојано имал психички проблеми. До моментот кога неодамна посегнал по својот живот.

Бил Клинтон пишува роман со Џејмс Патерсон

„Претседателот е исчезнат“ е наслов на книгата која поранешниот претседател на САД наскоро ќе ја објави во соработка со неговиот другар од голф.

Зошто Русија ги изедначува Јеховините сведоци со ИСИС?

Согласно одлука од април оваа година, заедницата на Јеховините сведоци во Русија е прогласена за екстремистичка. Активностите на скоро 200,000 верници во оваа земја се забранети, а имотот е конфискуван од страна на државата.

Откачени нотни записи

Како и во секоја професија, и во музиката си постои жаргон кој служи како некој вид „код“ за разбирање на оние кои се бават со неа. Како на пример кога за некој што не ги следи баш нотите ќе кажеш дека „брљави по текстот“. Но понекогаш самите нотни записи содржат нестандардни коментари, кои би требало појасно да ја пренесат идејата на авторот.

Ник Кејв: „Нашите животи се како ѕвончиња на ветер“

Денес, 5 мај, излегува компилацијата „Прекрасни суштества: најдоброто од Ник Кејв и Бед сидс 1984-2014“. По тој повод Кејв даде интервју за Гардијан, едно од ретките по смртта на неговиот син, кој падна од карпа во јули 2015 под дејство на Ел-ес-ди.

Вистинската причина за самоубиството на Хемингвеј - девет потреси на мозокот

Досегашниот консензус помеѓу психијатрите беше дека Хемингвеј се самоубил како резултат на биполарно нарушување, или пак дека само премногу пиел. Нова книга тврди дека славниот автор страдал од хронична трауматска енцефалопатија.

Водич за политичка револуција за тинејџери

Не стана претседател на САД, но ја форматираше публиката, и од целосен аутсајдер успеа да стане вистински хит, особено помеѓу младите. Сега Сандерс им се обраќа со нова книга, за да не ги остави да се „оладат“ до следните избори. Затоа што и во меѓувреме има многу нешта што тие можат да ги сторат.

„Возрасни во собата“: нов мемоар на Јанис Варуфакис

„Ако некогаш сте се сомневале што се случува во Европа, читајте го Варуфакис“, вели критиката за новата книга на некогашниот министер за финансии на Грција, која уште неизлезена (официјално се објавува утре, 4.5) е веќе бестселер на Амазон.

Загубениот рај: како јаболкото стана „забрането овошје“

Овој месец се навршуваат 350 години откако Џон Милтон му го продал на својот издавач авторското право за епот „Загубениот рај“, за само пет фунти. Неговото славно дело ја преточува во стихови најстарата епизода од Светото писмо, чии главни ликови ни се добро познати: Бог, Адам, Ева, Сатаната во форма на змија што говори, и - едно јаболко.

Претстава направена според еротски писма на славни личности

На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.

Дарвин не се утепувал од работа (па не мора ни ние)

Славните научници и уметници биле крајно амбициозни, страсно се посветувале на својата работа и имале речиси натчовечки капацитет да се фокусираат. Но подеталната анализа на нивниот работен ден покажува дека работеле само по неколку часа на она што денес го препознаваме како нивно најголемо достигнување. Остатокот од времето - кулирале.

Koлку нијанси лутина постојат?

Горчина. Јарост. Бес. Палетата чувства кои би можеле да се категоризираат под „лутина“, рефлектирана и во јазикот, варираат и во интензитет, и во тоа кон што се насочени. 

Зошто древната литература не зборува за чувства?

Од вавилонските епови, преку античката до средовековната литература, импресионирани сме од она што се способни да го направат главните ликови на само неколку странички - да соберат армија, да почнат војна, да ја добијат. Но она што притоа не ни се кажува е како се чувствувале додека го правеле сето ова. Се плашеле ли, си рекле ли некогаш „што ми требаше сето ова?“.

Необичното мото на крајот на филмовите на Џонатан Дем

Завчера, 26.04, почина славниот режисер на „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Омажена со мафијата“ и „Филаделфија“. Познати се случаи кога негови колеги вметнуваат препознатлив „печат“ не само во, туку пред и после своите филмови. Ама мотото на Дем има специфична приказна.

Перачката-пеглачка која (не) знаеше англиски

Пред некое време е објавен оглас за работно место перачка-пеглачка во приватна резиденција, во кој еден од условите е познавање на англиски јазик, заради „читање на упатства за постапување со специфични материјали“.

Големиот масакр на кучиња и мачки во Британија

Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна.

Атентатот врз Кенеди реконструиран на гусли

Вакво нешто до сега немавме чуено. Всушност, доживувањето е мулти-сензорно, бидејќи додека го слушате стариот гуслар исто како да гледате филм - акција, трилер, драма. Тоа е и смислата на епската поезија, која раскажува за значајни историски настани, за да им е вечна слава на оние кои учествувале во нив.

Збогум Роберт Пирсиг

Освен ако не се „суви“ фактографски прегледи на животот на славните починати, некролозите за нив се секогаш во врска со нас самите. Овој е сигурно таков.

Бил Мареј снима нов албум - рецитал со читање и класична музика

Актерот познат по неконвенционални јавни настапи и откачени проекти има нов - ќе пее и ќе чита на албум на кој ќе се најдат дела на Гершвин и на Бах.

Како е да си мајка на рок ѕвезда?

Нејзиниот син, Дејв Грол, од Фу Фајтерс и претходно од Нирвана, сигурно ѝ дал многу поводи за гордост, но и за секирации. Можеби како некој вид терапија, жената одлучила да ги спореди своите искуства со други жени во истата ситуација. Резултатот е книга за овие „рок мајки“.