Bookbox

Дали тролањето е зависност?

Да речеме дека се вика Мики. Иако во секојдневниот живот Мики не е некој мрчатор, тој не може да одолее да не се расправа за сè и сешто онлајн, од велосипедски патеки до исламофобија. Почнува да сфаќа дека нешто не е ок кога десетина луѓе го блокираат, меѓу кои и такви кои го знаат од мал. Што е со ваквите „микиевци“?

Зошто смртта на славна личност се доживува толку трагично?

На денешен ден пред дваесет години се одржа закопот на принцезата Дијана, чија смрт останува една од најкоментираните и најанализираните во историјата на славните личности. Од каде ваквата опсесија со прераното заминување на некој славен?

Уметничко-туристички проект за моќта на интернет препораките врз нашите одлуки

Една кампања за промоција на туристичките потенцијали на Нов Зеланд ја користи шемата на интернет препораките. Кој знае како би изгледал ваков билборд среде Мариово.

Авторката која си обезбеди место на бестселер листата на Њујорк Тајмс со тоа што самата си ги купи книгите

Неодамна Њујорк Тајмс објави необична корекција на една од неговите бестселер листи, која е резултат на се уште недоволно објаснета серија настани. Или некој е многу упатен во начинот на кој функционира системот и го злоупотребува, или...

Караваџо - сликарски гениј и криминалец

Да, бил еден од оние кои направиле револуционерни промени во уметноста. Но исто така бил и убиец, член на улична банда и неподнослив кираџија.

Да се помириме со време: нашите деца (ќе) гледаат порно на интернет

Минатата година посетителите на Порнхаб, најголемиот порно сајт на интернет, изгледале околу 92 милијарди секси видеа. Не дека во тоа има нешто лошо. Ама со такви бројки и со генералната достапност на ваквите содржини човек со мало дете се прашува - што кога тоа ќе ги открие ваквите сајтови? Ако тоа веќе не се случило...

Нова интерактивна тура низ Хогвартс

Компанијата на Џ. К. Роулинг, Потермор, од денес на својот сајт овозможува дигитална тура од 360 степени низ славната школа за магесници. Дали треба да нагласуваме дека ова е интересно само за Хари Потер фанови?

Образовна песна за среќен почеток на годината

Дали би биле подобри ученици ако ни се даде шанса сè во животот да направиме по втор пат, како повторувачи во истиот клас?

Пиштол што ги претвора солзите во куршуми

Одлична материјализирана метафора за сите оние кои мислат дека да плачеш значи да покажуваш слабост. Чекај дур не те закачат смрзнати солзи, испукани од лимен пиштол.

Новиот општествен поредок на бесмртните

Во последно време ни се случува еден парадокс: додека слушаме дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее вечно, и дека човечкиот век генерално се продолжува, околу нас се разболуваат и на млади години умираат куп познати и пријатели. Добро, кај е тој трансхуманизам што го зборите? 

Необјавените дела на Прачет уништени со ваљак

Во март 2015, Тери Прачет, по долга борба со ретка форма на Алцхајмер, се ракуваше со смртта. Деновиве е остварена неговата последна желба.

Што значи тоа „линчовски“?

Видео есеј кој ги покажува сликарските влијанија врз режисерот кој е еден од ретките кој ја има доживеано честа неговото име да прерасне во придавка. 

Човекот кој го обиколил светот сосема слеп

Во време кога повеќето од нас за обичен викенд до соседството планираат однапред со месеци, а со подалечните патувања се фалиме на сите ѕвона на социјалните мрежи, еден човек без водич, патничко осигурување и без инстаграм профил го пропатувал светот иако имал тежок хендикеп.

Баба заборава: сликовницата која им помага на семејствата да се соочат со деменцијата

Познато е дека приказните за деца не се наменети само за забава туку се нивна подготовка за живот, особено кога се во прашање тешки теми. Една од нив до сега е ретко обработувана, а се однесува на она што се случува кога некој во семејството станува сенилен.

Манифестот кој треба(ше) да се случи

Декември 2013. Четворица ентузијасти се собираат во „Цреша“ и го формираат јадрото на замислената внатрешно-револуционерна јазичка организација „Зборци“, чија цел е вбризгување свежина во употребата на македонскиот јазик и борба против замислените грама-наци величини. 

Алгоритмите како егзистенцијална закана

Нова книга на математичарката Кети О’Нил го анализира собирањето на големи количества податоци за политички цели, и објаснува како алгоритмите можат да се употребат како оружје против демократијата.

Диоген втор пат протеран од родниот град

Фондацијата Ербакан неодамна организирала протест во родното место на Диоген, Синоп, барајќи отстранување на статуата на овој древно грчки филозоф. Зошто? Затоа што преку неа се ширела грчката идеологија.

Дали може да се разболиш од одење во музеј?

Не мислиме на некаква метафоричка болест која се фаќа од посета на места обременети со идеологија и историја, и со артефакти кои асоцираат на нив. Зборуваме за многу физички болести кои се фаќаат ако фаќате предмети во музеј, a кои ги фаќале многумина пред вас

Приказната за откачениот пронаоѓач-убиец и обезглавената новинарка

Иако така звучи, насловот не е трилер роман или криминалистички филм. Всушност се работи за актуелен, сè уште не до крај расветлен случај, кој како таков веројатно повеќе припаѓа на рубрика од типот на црна хроника. Ама ние се зачитавме.

Сурфање со Сартр

Поп-културата го има претставено сурферот како анти-мудрец: некој кој ја отфрла идејата за длабоки вистини, и на кого му се потребни само добри бранови, даска и кул тен за да се чувствува добро во својата кожа. Но има и поинакви, анти-Бејвач ставови.

„Мнозинство“ - театарска претстава во која публиката гласа за етички прашања

Eдна од мааните на директната демократија е што гласачот, кој инаку се колне дека разумно расудува, може да биде манипулиран така за на денот на изборите да заокружи опција која инаку не би му паднала на памет. Една претстава се обидува да покаже како се случува тоа. 

По смртта на Џери Луис: дали некогаш ќе го видиме неговиот „загубен“ филм?

Меѓу оние кои тажеа по еден од најголемите комичари во историјата, кој почина неодамна на 91, имаше и такви кои веднаш искоментираа - „Нека му е лесна земја, веднаш да се објави Денот кога кловнот плачеше!“. Ама од Конгресната библиотека велат дека тоа нема да се случи до 2024-та.

Женско помрачување на сонцето

Денес, 21 август, околу 12 милиони луѓе ќе можат да го посведочат целосното затемнување на сонцето, прво кое ќе се гледа од целиот северно-американски континент, од еден брег до друг, од 1918. Нова книга под наслов „Американска еклипса“ од Дејвид Барон ја раскажува приказната за обидот на една нација да ја фати „сенката на месечината“ и улогата на жените во ваквиот потфат.