Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Ван Перси на маки со навивачите

Феенорд се соочува со тежок финиш на крајот од првиот дел од сезоната. Загуби дома од Херенвен во Купот со 2:3, а тоа значи рана елиминација уште во второ коло. Ова им е седми пораз на последните 9 средби. Ван Перси не можеше да ги смири навивачите.

Кога Новак Ѓоковиќ шокираше Јапонец на јапонски јазик

Новак Ѓоковиќ фантастично добро зборува италијански и англиски јазик, одлично се снаоѓа со француски, а пред некое време збуни еден јапонски полиглота.

Овации во Турција за Перо

Антиќ отпатува во живо да го следи натпреварот од Евролигата меѓу Фенербахче и Панатинаикос. Публиката во „Улкер Арена“ во Истанбул го пречека со аплаузи и скандирања. Имаат голема почит кон нашата кошаркарска ѕвезда. Веднаш ги асоцира на европската титула под водство на Жељко Обрадовиќ во 2017-та.

Ристовски: Доживеав пекол во Спартак за кој никој не знаеше

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски имал семејни проблеми, поради кои две години бил без постигнат погодок, па дури и размислувал фудбалот да го стави на пауза.

Најубави стоперски голови во историјата на Милан

Филип Мексес во кариерата играше за само три клуба: Оксер, Рома и Милан ама секаде остави голема трага. Важеше за неверојатен борец, фајтер кого навивачите го обожаваа. Забележа 29 настапи за Франција. Како стопер беше права карпа од која се одбиваа противничките центарфори ама и самиот знаеше да постигне по некој неверојатен гол. За Оксер даде 8, за Рома 15, за Милан 7 од кои 4 мора да ги погледнете пак:

Ергин Атаман лут и бесен што го навредуваат Турци

Трофејниот турски тренер кој има 3 шампионски титули во Евролига е на мета на ривалските навивачи кога игра во Турција како тренер на Панатинаикос. Ергин Атаман синоќа гостуваше со ПАО во салта „УЛКЕР“ и го победи Фенербахче 81:77.

Мареј им влезе на Шенгун и Дурент како Џордан

Џамал е во топ форма сезонава. Држи просек од 25 поени, 4,4 скока и 6,8 асистенции и му ја дава најголемата помош на Јокиќ. Погледнете што им направи на двајца и тоа не било кои, туку на Алперен Шенгун и Кевин Дурент. И самиот Мареј беше воодушевен.

Михајловиќ изведува слободни како тренер на Болоња

Симбол во кариерата на српската легенда, која фудбалскиот свет го испрати пред три години, беа слободните удари со кои сè уште е рекордер во Серија А. Ова видео ќе остане како уште еден доказ, колку Синиша беше силен и не се предаваше до крај. Да им се пушта на деца треба, како инспирација.

Дембеле ја доби наградата за најдобар фудбалер на свет и според ФИФА

Францускиот фудбалер Усман Дембеле по наградата „Златна топка“ која што ја доби од Франс Фудбал пред крајот од септември годинава, сега беше прогласен за најдобар во 2025 и во изборот на ФИФА која што му ја врачи наградата.

Најдобриот гол за 2025-та според ФИФА

Сантијаго Монтиел од Индипендиенте ја освои наградата „Пушкаш“ за гол број 1 на годината во изборот на ФИФА. Аргентинецот успеа да изведе спектакуларни ножички, ама наместен надвор од шеснаесетник, мајсторија со која освои најмногу гласови.

Избран е најубавиот гол на годината во женски фудбал

Дваесет и шест годишната Лизбет Муњоз позната и како Жаклин Овал е мексиканска фудбалерка која игра како лево крило за Орландо Прајд во женската фудбалска лига во САД и за репрезентацијата на Мексико. Таа минатото лето направи рекордно висок трансфер откако премина од Тигрес во Орландо. На свечената церемонија „Најдобри“ организирана од ФИФА, Лизбет Муњоз ја доби наградата за најубав гол во женски фудбал. Со потегот „скорпио“ уште додека играше за Тигрес постигна прекрасен гол.

Бенефитот да имаш стан со поглед на стадион

Позната е онаа стара досетка кога ќе прашате некој, дали му смета што живее покрај стадион, а тој одговара со скандирање. Но, уникатно е тоа искуство, посебно ако сте жител на фудбалска земја како Англија.

Јувентус презентираше специјална маица, со Дел Пјеро како инспирација

Новата колекцијата на Адидас е украсена со потписот и личното лого на Дел Пјеро, иконата на Бјанконерите со 19 сезони, 290 гола и 705 настапи. Наследство кое го остави оди подалеку од бројките. Дел Пјеро сè уште е симбол на идентитетот на Јуве, способен да ги обедини стилот, талентот и припадноста.

Три години без Синиша

Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар, на два дена пред финалето Франција - Аргентина, на 16 декември 2022-ра, од Италија пристигна неубава вест. Почина Михајловиќ на 53 години. Три години биеше лавовска битка со леукемијата. И даде два слободни удари, но третиот пат не успеа да ја победи.

Респектот на Станковиќ према Михајловиќ

Синиша и Дејан беа како татко и син, плус беа во кумска врска. Имаа среќа да бидат дел од легендарниот тим на Лацио под водство на Свен Горан Ериксон, каде потпишаа во 1998-ма. Покрај трофеите, делеа заедно и многу моменти и приватно и во соблекувалната. Тегнеле и цигарчиња, ама на Деки на почеток му било незгодно.

Тоа е фудбалот Златко

Ибрахим Мбаје од ПСЖ го прогласуваат за играч на натпреварот. Детево добива задача му ја додели наградата и ја користи можноста, срамежливо да му го побара дресот. Мбаје на 17 години го има манирот, а малиот ќе експлодира од радост.

18 годишнина од првиот европски тим кој го освоил Светското клупско првенство

Датумот е 16 декември 2007, а победникот носталгија за секој навивач на славниот и моќен Милан под водство на Анчелоти. Со двата гола на Инѕаги и по еден на Кака и Неста, росонерите ја добија Бока Јуниорс со 4:2 и станаа првиот европски победник на Светското клупско првенство, кое стартуваше под ова име во 2000-та, како продолжение на поранешниот Интерконтинентален Куп.

Страшен пад на Никола Јовиќ, цела сала се шокираше

По само 12 секунди на паркетот на натпреварот Мајами Хит - Торонто Репторс кој канадската екипа го доби 106:96, српскиот репрезентативец Никола Јовиќ доживеа страшен пад под едниот кош. Го повредил лактот но за среќа како што соопшти тренерот на Мајами Ерик Сполстра, нема никаква скршеница ниту набиеница.

Селекторот на Шкотска до навивачите: „Седете раат, немој да се задолжувате за да одите на Светско“

Шеесет и две годишниот селектор на Шкотска, Стив Кларк побарал од навивачите да не заглавуваат во долгови со цел да обезбедат авионски карти, влезници за натпреварите на Светско првенство и сместување во САД за групната фаза.

Жиру најубавиот подарок го добил во Доњецк

Легендарниот француски центарфор Оливие Жиру (39) кој блескаше во дресовите на Монпеље, Арсенал, Челси и Милан, сега е во Лил. На 255 настапи во Премиер лига, Жиру стана врвен голгетер и постигна 90 гола со 28 асистенции. На гости во емисија кај Џејми Карагер раскажа како жена му го изненадила со плико во кое била понуда од Арсенал и Арсен Венгер.

Каков цар, со чистачите на стадионот го прослави трофејот

Капитенот на Фламенго, Диего Рибас, ги собра чистачите на стадионот Маракана, да го овековечат освојувањето на Купот на Бразил со фотографија, која сигурно ќе се памети. Јак момент. Не паметиме дека му текнало на друг.

Слободниот на Бруно Фернандеш од шест различни агли

Манчестер Јунајтед и Борнмут го одиграа најјакиот дуел досега сезонава во Премиер лига. Средбата на „Олд Трафорд“ имаше дури три пресврти, осум гола и краен резултат 4:4. Гостите дадоа прекрасен гол од слободен, а уште поубав даде и Бруно Фернандеш. Мајсторија.

Јокиќ е семоќен, сам на себе си асистираше

Србинот блесна против Хјустон со 39 поени, 15 скока и 10 асистенции и ја доби мега битката против Шенгун, кој исто така го заврши мечот со трипл-дабл. Издвојуваме уште еден клип од супер интересната битка на Западот.