19-годишен руки го испердаши ЛА Лејкерс со 45 поени!

Далас Маверикс славеше 134:128 против ЛА Лејкерс и ја прекина најлошата серија на домашен терен во последните 32 години со 14 порази по ред.

Јунак на триумфот на Далас Маверикс против ЛА Лејкерс, прва победа на домашен паркет после неверојатни 13 порази по ред, беше младиот Купер Флег кој уфрли 45 поени со девет асистенции и осум скока.

19-годишниот Купер Флег е ново лице сезонава во НБА, ја игра дебитантската сезона а против Лејкерс постигна 40 поени само две вечер откако даде 51 поен (19/30 за два, 7/7 слободни фрлања и 6/9 за три поени) против Орландо Меџиг на 4-ти април во саботата. Тогаш стана првиот тинејџер во историјата на НБА лигата кој уфрлил 50+ поени.

А синоќа стана и втор руки, втор дебитант после Алан Ајверсон во историјата на НБА кој постигнал на еден натпревср 50+ поени а на следниот веднаш после него 40+ поени. Ајверсон таков подвиг имал во сезоната 1996/1997.

Покрај Купер Флег сјајна вечер имаше и Пи-Џеј Вашингтон кој дури 13 од своите 15 поени ги постигна во вториот дел кога се реши победникот.

Далас Маверикс со овој триумф ја прекинаа серијата во својата сала „Американ Ерлајнс Центар“ од 13 порази по ред. Во сезоната 1993/1994 ги изгубиле првите 19 натпревари дома во тогашната сала „Риунион Арена“.

Кај Лејкерс кои играа без својот лидер Лука Дончиќ кој замина во Европа за да се опорави од повредата, Леброн Џејмс уфрли 30 поени и имаше дури 15 асистенции.

Лејкерс играа и без повредениот Остин Ривс. Покрај Леброн добра вечер имаше и Лук Кенард кој го запиша својот прв трипл-дабл во кариерата со 15 поени, рекордни 16 скока и 11 асистенции.

Standings provided by Sofascore
6 април 2026 - 09:13