Фудбалер на Крузеиро го мајтапел својот голман со смешно видео, исфрлен е од екипа
Сопственикот на богатиот и трофеен бразилски клуб Крузеиро изјавил дека го избркал од екипата 31-годишниот Валас кој после неговото деби во Копа Либертадорес, во заедничката вотсап група со екипата, пратил видео во кое го исмева голманот
„Имаше проблем со друг соиграч, исмеваше соиграч после натпреварот. Не дозволуваме ваков вид недисциплина во клубот и за сега го отстранивме од екипата“, вели првиот човек на клубот.