Магичен гол во бугарското првенство

На големо изненадување, сезонава конечно би можела да се урне хегемонијата на Лудогорец во бугарскиот фудбал. Екипата од Разград е шампион на Бугарија 14 години по ред! Уште од сезона 2011/2012 до сега. Но Левски Софија е решен да го врати шампионскиот пехар кој долго се чека. Сините се први на табела во Бугарија со +7 бода пред Лудогорец. Викендов само кикснаа, се лизнаа кај Добруџа каде домаќинот зема бод (2:2) со еврогол на Ивајло Михајлов во 90+6' минута!

Пред натпреварот бил одржан минутен-молк во знак на починатниот претседател на фудбалскиот сојуз на Бугарија, некогашен легендарен голман на генерацијата која се прослави на Светско 1994-та во САД, Борислав Боби Михаилов.

6 април 2026 - 10:58