Јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот. Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко!
Ќе останат недовршени многу проекти и визии кои ги имавме во план од кои ќе наброиме неколку: нарачаниот клубски автобус ќе бевме први и во тоа можеби и на балканот женска екипа со свој сопствен автобус ќе заврши во некоја туристичка агенција, големиот проект со потенцијалниот странски инвеститор за изградба на тренинг центар со хотел и сите пропратни елементи во близина на Тетово, градоначалникот Јовица знае а го запознав и министерот при една наша средба, тука во Вас ФФМ гледавме партнери, планираното враќање на најстариот машки клуб во земјата прво во втората лига па потоа и ранг погоре итн....,
Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се!
Целото соопштение на нивната Фејсбук страна: