Offside

Украинскиот голман се обидел нелегално да премине граница со уште тројца мажи и едно 4 годишно дете. Услугата се нудела на Телеграм за цена од 8.000 долари по човек.

Стара и добро позната за оние кои живеат до стадион

Ама па од друга страна денар немаат дадено за карти.

Босанска кошаркарска офанзива

Ако е за утеха и Босанците немаат секирации околу иднината на кошарката. Видиш ти тоа како лесно и течно им одат нападите. Како Лејкерски се од најдобрите денови.

ФИБА го издвои Ти Џеј Шортс

Македонската кошаркарска репрезентација останува да се надева на следното Европско првенство 2029. Шансите за пласман на ЕП 2025 се завршени после поразот од Естонија на гости (65:84). 21 поен за Ти-Џеј Шортс и 20 на Ненад Димитријевиќ, сепак не беа доволни. Недостасуваше помош и од другите играчи.

Италијанскиот фудбал се состои од разни убавини

DAZN не го краси само Дилета Леота. Прашајте го Самуеле Ричи од Торино. Дербито Јуве - Интер од поинаква перспектива.

Рубљов има свој начин на опуштање

Се работи за моментот кога пропуштил меч топка при водство од 5:2 против Алекс де Минор на АТП турнирот во Доха. На крајот Андреј Рубљов го мина четвртфиналето со 2:1 во сетови.

Како изгледаше брадата на Жиру во Колорадо на -15?

Не е баш пријатно периодов за спортување во САД на отворено. Видовме по Меси, а сега и по Жиру, кој игра за Лос Анџелес.

Навивачкиот хаос во Љубљана каде играа Бобан Николов и Шишковски

Борац Бањалука е најголемо изненадување од регионов во еврокуповите сезонава. Тимот за кој резервен голман со број 1 на грбот е Дамјан Шишковски а во средниот ред стандарден е Бобан Николов, елиминираше многу познати клубови и стигна до осминафинале на Лига Конференции во својот прв историски, дебитантски настап во Европа. По триумфот 1-0 во Бањалука, синоќа одиграа 0-0 против Олимпија во Љубљана. На стадионот имаше нереди откако домашните навивачи фрлале пиротехника по гостите кои брзо возвратиле.

Како браќата од Јуве и Интер се поздравија на терен?

Маркус Турам, постариот, има 27 години и игра за Интер. Од неодамна за Јувентус потпиша брат му Кефрен Турам кој има 23 години. Се најдоа на теренот за време на големото дерби на Италија кое Јувентус го доби 1-0. Маркус влезе од клупа за резерви и грубо го подудри брат му како поздрав.

Манчестер Сити се спрема за ремонт, на удар се осум ѕвезди на возраст од 30+

Реал Мадрид направи шампионите на Пеп Гвардиола да личат на херои од минатото, што е и така во пракса. Неопходно им е рестартирање, на кое веќе и почнаа да работат од јануари.

Тренинг загревањето на Стеф Кари е право шоу

Веќе неколку сезони по ред загревањата на најдобриот шутер во историјата на НБА според сите параметри, се права забава за навивачите. Ова вреди карта да купиш само за да го гледаш Стеф Кари како шутира и не промашува. Сега последно шутирал од 16 различни позиции а веќе после осмиот погоден шут салата почнала да се крева, да урла за на крај да доживее еуфорија.

Манчестер Јунајтед оди на Реал Сосиедад, Рома и Лацио се избегнаа

По Лига на шампиони, стандардно петочки се извлекоа и паровите во Лига Европа. Можно четвртфинале: Мурињо vs Рома.

Роналдо кажа на кој стадион му било најубаво да дава голови

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многу страни, Кристијано Роналдо во кариерата настапуваше за великаните Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус. Најдобар стрелец е во историјата на Лига на шампиони, во историјата на европски првенства и најдобар стрелец во клупската историја на Реал Мадрид. Се ближи до бројката од 1.000 гола во кариера што би бил апсолутно недостижен рекорд за сите останати. 

Мајстории на Џамал Мареј и Јокиќ за 9-та победа по ред

Во НБА веќе постои термин „Сомбор дабл“ за учинок кој подразбира дека во една статистичка категорија недостасува еден поен, еден скок или една асистенција за трипл-дабл. Наречена е по Никола Јокиќ кој синоќа во победата на Денвер Нагетс по којзнае кој пат за само една асистенција или еден скок не направи нов трипл-дабл.

Жозе ко Жозе

По дома добри?

Наполитанец во студио им пука сеир на Милан и Јуве за елиминацијата

Не дека е ова Раи или некоја друга сериозна тв, но сепак имаат Италијанците многу вакви ликови на локални емисии направени за забава. Го знаете оној кој вришти на секој гол на Милан. Еве му конкуренција од Наполи.

Судија му го побарал дресот на Меси, го казниле

Во Централна и Северна Америка се игра КОНКАКАФ Купот на шампиони меѓу екипи од неколку земји. Интер Мајами, екипата за која настапува Лионел Меси, играше против Спортинг Канзас Сити во средата вечер на страшни минусни температури кои достигнувале и до -17. 

А да почнете да ги казнувате ваквите по 10 кола?

Секое коло иста приказна. И веќе не се знае кој повеќе глуми и во која лига, но просто глупаво е повеќе да се толерираат ваквите шарлатани. На ѕидот на срамот овој пат е голманот на Андерлехт, Колин Кузманс на дуелот против Фенербахче.

Емотивна приказна за изгубен шал стар 53 години

Еден возрасен навивач на клубот од Бирмингем, објавил дека по мечот со Ливерпул (2:2) на „Вила Парк“ го изгубил, некаде му паднал шалот. И ништо не би било чудно тој шал да не е стар цели 53 години и има страшно голема сентиментална вредност. Шал кој ја следел Астон Вила секаде каде и да играла.

Романска фешта по елиминацијата на ПАОК

Стеауа Букурешт го исфрли ПАОК во плејофот од Лига Европа и влезе во топ 16. Третото полувреме го одиграа во соблекувална заедно со тренерот. И пица имаат на менито.

Митревски е неприкосновен, жива им ја фати на крај за победа на Еурофарм Пелистер

Сонот на битолчани за осминафинале во Лига на шампиони сè уште живее. Го совладаа Динамо Букурешт (25:24). Има уште две кола до крај.

Наредни 200 години ќе нема ваков пенал во свет

Налетавме на неверно видео од 2016-та од хрватската втора лига. Кој го видел или памети, радо ќе се присети. Тој што го гледа прв пат, го пропуштил пеналот кој најпрецизно ја отсликува најпопуларната Фејсбук страна со години на Балканов, Селски фудбал. Дугопоље против Сесвете. Разврска од пеналот е надреална.

Михајловиќ за трите недопирливи рекорди во Серија А

На денешен ден 1969-та година во Вуковар се роди големиот Синиша Михајловиќ. Најмоќното лево стапало од кое се тресеа голманите кога се местеше да изведува слободен удар. Замина прерано, на само 53 години, а денеска требаше да наполни 56. Слушнете го ова дечки.

Нова одвала на Мика Ричардс, па прснаа од смеење

Нема вторник и среда пред и после одигрување на натпреварите од Лига на шампиони, Анри, водителката Кејт Абдо, Мика Ричардс и Џејми Карахер да не направат некое шоу. Ричардс е во топ форма во последно време. Синоќа имаше реплика на констатацијата на Кејт дека „веќе ќе нема Брест (францускиот клуб кој испадна од ПСЖ во Лига на шампиони) годинава. Брест значи и нешто друго на англиски.

Јокиќ црта акција, а Пешиќ ја брка екипата на Нетфликс

Секој ден излегува по некоја пикантерија од документарецот „Court of Gold“, серија во 6 епизоди, која Нетфликс ја стокми за Олимписките игри 2024. Изгледа дека има многу јак материјал. Опфатени се САД, Франција, Србија и Канада, кои се бореа да стигнат до златниот медал.