Унион Берлин постави женски тренер, за првпат во историјата на европскиот топ фудбал

Младата Марија-Луиза Ета стана прв женски тренер на машки фудбалски клуб во најдобрите европски лиги и ќе ја води екипата во Бундеслига најмалку до крајот на сезонава.

Германскиот Унион Берлин испиша историја откако се реши да ја постави тренерката Марија-Луиза Ета за нов шеф на стручен штаб. Таа доаѓа на местото на отпуштениот Штефен Баумгарт и ќе стане прва жена-тренер во историјата на Бундеслига.

Таа ја добила оваа одговорна функција во неделата. Има 34 години а досега била прва жена-помошник тренер во Бундеслига.

„Пресреќна сум што клубот реши да ми верува во овој предизвик“, рекла Ета.

Таа во 2023-та година станала прва жена тренер-помошник во Бундеслига и прва во историјата на топ5 лигите во Европа. Еднаш дури и ја водела екипата како главен тренер откако хрватскиот стратег Ненад Бјелица бил суспендиран на три натпревари во 2024.

Досегашниот тренер Баумгарт беше отпуштен во неделата наутро по лошата форма на екипата во втората полусезона. Капак на се бил поразот 3-1 од последнопласираниот Хајденхајм во саботата.

„Задоволен сум што Марија-Луиза Ета прифати да биде привремен тренер пред да стане главен тренер на женскиот тим како што се планира за летово“, вели спортскиот директор на Унион Берлин Хорст Хелд.

Унион Берлин победил на само два натпревари од крајот на декември и има 7 бода над опасната зона за испаѓање. 

Марија-Луиза е поранешна фудбалерка. Таа во 2010-та ја освоила дури и женската Лига на шампиони а има и три шампионски титули во Бундеслига.

Интересно женски тренер на машки први екипи имало во втори и трети лиги во европскиот фудбал но никогаш во прва лига.

Германскиот третолигаш Инголштад во моментов е воден од тренерката Сабрина Витман а францускиот второлигаш Клермон бил воден од тренерката Корин Диакре три сезони дури до 2017-та.

14 април 2026 - 09:18