„Пред да му поставувате на Антоан прашања, би сакал во мое име како тренер и во име на навивачите на Атлетико Мадрид кои кога би биле денес тука и би ја имале можноста да бидат на прес со тебе, да ти заблагодарат за напорната работа, за твојата скромност.
Ти си прав пример на децата денес во едно општество кое има потреба од луѓе како тебе. Благодарам за се што направи и што правиш за нас. Фала за твојата посветеност. Фала за односот и како професионалец и како личност. Ти знаеш како да направиш разлика меѓу семејните односи и да не ја преминеш границата која е меѓу тренер-играч-пријател.
Јас те сметам за играч прво, а после и за другар. Ни останаа уште осум натпревари. Имаме една во Копа дел Реј (финале) и здравје Боже уште 5 во Лига на шампиони. Така што те повикувам да уживаш. Те сакам многу.
Да беше тука некој навивач на Атлетико ќе ти го кажеше истото. Јас се идентификувам со нив многу.... Извинете, сакав да го кажам само тоа“, му се обрати Диего Симеоне директно во лице на неговиот Антоан Гризман кој седеше до него на прес-конференциајта.