Offside

Четириесет и шест годишниот Бразилец кој некогаш беше најдобар фудбалер на светот, потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена и ќе се обиде пак да заигра фудбал цели 11 година откако се повлече.

Марк Андре Тер Штеген или Штербик?

Кога ја гледате шансава од агол како првиот на видеото и големите димензии на голот, ќе си помислите дека ова е најлесното нешто во животот. Ама кога имате човек пајак пред вас, следниот пат во ваква ситуација може и трема да ве фати.

Најсмешниот автогол на колото падна во Англија

Во англиската Лига 1 (трета во хиерархијата), Ипсвич Таун изгуби дома 0-1 и тоа поради смешниот автогол на Марк МекГинис во 69' минута од мечот. Да сакаше да ја удри вака немаше да успее.

Сеќавање на легендата на Сараево - Асим Ферхатовиќ Хасе

Фудбалскиот клуб Сараево денес одбележува 34 години од смртта на нивниот најголем играч во историјата по кого е наречен стадионот на кој се играа Зимски Олимписки Игри 1984.

Финиш на Бернардески кој посакува да го снема од интернет

Коло во Серија А по мерка на Јуве кој ја тепаше Болоња, а Интер и Милан кикснаа. Арно ама Федерико не му зема баш добра мерка на голманот. Сакаше да го лобува, ама ја испрати на кров.

Наполи даде гол после само 9 секунди

Наполитанците изгубија 3-1 во Верона, но мечот ќе се памети по нивното водство по само 9 секунди од почетокот. Федерико Димарко направи грешка, па Мексиканецот Лозано го отвори резултатот.

Ибра имаше спремен одговор за закачката на Колумбиецот

Аталанта го растури Милан 0-3 на „Сан Сиро“ и прекина неколку позитивни серии на лидерот во Серија А. Гостите од Бергамо издоминираа со Запата и Иличиќ, а првиов при еден корнер го 'рчна Ибрахимовиќ.

Велемајсторски слободен удар на Бруно

Кризата на Ливерпул се префли и во ФА Купот каде вечерва беа елиминирани од Ливерпул со 3:2. Решавачкиот гол го постигна Бруно Фернандеш, ама не со оние класични кифли преку жив ѕид, туку со низок безобразен и непредвидлив сув лист.

Спектакуларен еврогол на српски фудбалер против Атлетико

Атлетико Мадрид и Валенсија одиграа 1:1 по првите 45 минути во шпанскиот шампионат. Гостите поведоа по само 11 минути игра преку 22 годишниот Урош Рачиќ кој ја опали на прва, ама ептен домаќински.

Фото на денот која тежи

Си биле тројца пикери. Столе Стоилов, Жарко Пешевски и Готие Мвумби. Нашиве двајца се шланг за братот од Конго.

Македонија се одјави од Египет, со пораз ама барем без дебакл

Македонската ракометна репрезентација ги заврши настапите на седмото мундијалско учество кое ќе сакаме што побрзо да го заборавиме и по кое ќе мора многу да размислуваме и да работиме како и со кого понатаму.

Легендата Хоакин и на 39 години го спасува Бетис

Ретко кој клуб во светот може да се погордее дека има симбол каков што е Хоакин, правата икона на Бетис кој и натаму игра на високо ниво и руши сериозни рекорди.

Поирие го патосираше гласниот Конор Мекгрегор

Америкенецот Дастин Поирие (32) со нокаут го победи Конор Мекгрегор на уште еден супер УФЦ 257 настан и сега се поставува прашањето може ли да тргне по шампионскиот појас и дуел со Хабиб.

Две стативи и пречка од еден шут во Индија

Керала Блејстерс и Гоа во идниската Супер лига одиграа 1-1, а гостите во еден момент одиграа неверојатна акција после која топката ги погоди и двете стативи и пречката од еден ист шут.

Голманот на Монпеље му спречи еврогол на Курзава

ПСЖ го намачка Монпеље со 4:0 и тоа со три постигнати гола од 60-та до 63-та минуа. Погледнете што се случуваше во 69-та. Бекот Курзава ќе се прославеше со голчиште за најавни шпици, но голманот само ја пипна со прсти топката доволно за да ја расипе забавата.

Блесок на Тричко со хет-трик за 22 минути

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да ги кине мрежите на Кипар. Ретко е ова наш фудбалер да растури со три комада за едно полувреме. Браво мајсторе.

Фудбалско шоу на Дончиќ

36 поени, 9 скокови и 11 асистенции за извонредниот Лука Дончиќ во победата на Далас над Сан Антонио од 122:117, овој пат и со опасни фудбалски вештини под кош. Погледнете го овој страшен прием на баскетот.

Русија тренираше, Македонија доживеа нов дебакл

Иако веќе стана помалку депласирано да се омаловажуваат изданијата на скромниот состав, Македонија вечерва доживеа нов катастрофален пораз. Русија ги искористи сите наши слабости и на крајот славеше со 32:20 (19-9).

Драматичен пад на спуст со брзина од 146 км на час

Швајцарскиот скијач Урс Круенбухл ги исплаши сите на патеката во Кицбил откако опасно се струполи на земја и потоа не мрдаше.

Месина во афект пцуеше по Баерн

Олимпија Милано во 21. коло од Евролига со 75:51 го потопи Баерн Минхен, ама тренерот на италијанскиот состав Еторе Месине им се сипа на Германците после мечот. Андреа Тринкиери кој го води Баерн не дошол на задолжителната прес-конференција, а неговиот колега и сонародник Еторе Месина го чекал 20 минути за да почне. На крај му прекипе:

Бразилски симулатор vs судија боксер

Го имаме ли нокаутот број 1 во историјата на Светските ракометни првенства? Не, туку ја имаме перспективата која укажува на такво нешто. Се работи за мечот Унгарија - Бразил. Врвна синхронизација.

Радоста на навивачите на Арсенал што се во топ 10

Густо е во Премиер лига, па така на пример шестиот на табела е на -8 бода до првиот и тоа со две утакмици мање. Пусти Арсенал никако да влезе во густото, али добро и вака не се лоши.

Да го видиш Мвумби како фраерски танцува

Ракометарите на Конго ја победија Ангола во доигрувањето и тоа беше прв триумф во историјата за нив на едно Светско првенство, а нивниот најекспониран ракометар знаеше да прослави.

Ливерпул не дал гол во 2021 и изгуби дома првпат после 68 меча во Премиер

Англискиот шампион дефинитивно е во криза. Јирген Клоп беше толку фрустриран што на полувреме му се пушти на гостинскиот тренер во жестока расправија. Не знаат за гол долго време.