Offside

Четириесет и шест годишниот Бразилец кој некогаш беше најдобар фудбалер на светот, потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена и ќе се обиде пак да заигра фудбал цели 11 година откако се повлече.

Детето на Челси кое стана најмлад капитен после Џон Тери

Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.

5 прстени во 5 минути

Светот одбележува една година од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант. Човекот кој ја одбележа НБА лигата на стартот на новиот милениум со 5 титули за 10 години. Уживајте во овие историски мигови со него од 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.

Незаборавната ноќ кога Коби ја искина мрежата 81 пат

Помина една година откако еден од најдобрите и наславни кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа и создаде колективна тага. Да се потсетиме на неговата најблескава партија која ќе остане во аналите на НБА лигата.

Јокиќ ли е Дончиќ ли е?

Еден од дописниците на РТС од САД, Александар Жигиќ преку видео повик се обиде да му постави неколку прашања на Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс. Ама...

До 50 шанси за 100 000 денари

Aкција на Спорт лајф за тикет со најмногу погодени натпревари!

Видео со Тухел кое играчите на Челси треба да го видат

Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.

Данило Брестовац не е повеќе селектор на Македонија

По очајните резултати, игра и пласман, Ракометната федерација на Македонија донесе очекувана и разумна одлука во однос на селекторската позиција на македонската репрезентација.

Кире Лазаров - срцето на ракометна Македонија

Јутјуб каналот MP 'TM, е промотор на македонскиот спорт кој ги величи нашите репрезентации и великани како Лазаров, Пандев, Антиќ...Ама тоа го прави на уникатен начин со секогаш одлично скоцкани и моќни видеа. Најновото го наслови како: Kiril Lazarov 7 - Braveheart.

Рокерот со кожна јакна кој поведе против Тотенхем и го викна Мурињо да му биде тапанар

Иако резултатот 1:4 е убедлив, во понеделникот вечер Тотенхем одигра тежок меч на гости против Виком во ФА Купот на Англија и победникот го реши во самиот финиш.

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

Ќе ми ја закопаше за малце а?

Федерико Бернардески не бил единствен кој направи циркузантска сцена на мечот против Болоња. Погледнете го царот Хуан Куадрадо на каков начин зема да исфрла топка од шеснаесетник. Да не беше врвниов рефлекс на Шчесни, тек тогаш ќе имаше смеење.

Му го спуштија на Ибра од Аталанта

Златан го доби дуелот со Ѕапата во свој стил, ама на зборови, видео кое веднаш се рашири. Но тешко дека ќе има сега што да му одговори на Мартен де Рон после оваа негова објава на Инстаграм.

Дилајлата Пепе уште се тегне во Португалија и тоа со свој соиграч

Порто ја продолжи потерата по лидерот Спортинг кој нема пораз на 14 меча (11 победи и 3 нерешени). „Змејовите“ од Драгао со 0-1 го победија Фаренсе и сега имаат 35 бода, 1 помалку од вечниот ривал.

Нови, интересни рекорди на Горан Пандев

Капитенот на Македонија, во неделата на мечот Џенова - Каљари (1:0) влезе во игра во 62' минута наместо стрелецот на единствениот гол Матиа Дестро и постави нови рекорди.

Вујо: На Македонија и требаат нови Марковски и Јоноски, кои имаа срце како еден автобус

„Говорот на нивното тело беше нешто кое не сум го видел. Никогаш не сум го видел Кире таков потиштен, како да се предаде. Мора да направат подлабока анализа по Мундијалот“.

Ник Кирјос го загуби приматот на најлуд тенисер

Пред стартот на Австралија Опен, тенисерите мора да издржат карантин од две недели, а тоа значи нема мрдање од соба. Епа Пабло Куевас од Уругвај, инаку 70-ти на АТП, не го издржа карантинот и сам себе се прогласи за мртов.

Прв пехар за Креспо како тренер, се остри да води европски клуб

Четиересет и пет годишниот Ернан Креспо на 25 јануари 2020-та седна на клупата на малку познатиот аргентински клуб Дефенса и Хустисија. Година дена подоцна им донесе најголем успех во историјата.

Романска работа

Кај ти проаѓа во Романија мерка со празни трибини, па не знам редење картонски фаци на навивачи или вклучување на зум. Има да измислат тие нешто што ќе го има само кај нив.

Ти благодариме маестро Кире

Македонија се прости од најлошото одиграно Светско во историјата, но Твитерот гори од пофални зборови за нашата легенда која вчера го одигра последниот мундијалски танц. Си замина во голем стил како вистински великан со нов рекорд од неверојатни 500 гола на големите натпреварувања.

Толку од Лампард во Челси, на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа Германец

Деветто место во Премиер лига после 19 одиграни кола, -11 бода зад лидерот Манчестер Јунајтед и неколку слаби резултати со најскапо платен тим е причината зошто Челси реши да ја отпушти клупската легенда.

Необична акција на Фенер: Праќајте смс пораки да го исплатиме Озил

Турските гиганти можат да се пофалат со огромна навивачка армија, па управите на најголемите тамошни клубови бараат од своите симпатизери да помогнат во решавање на драматичната финансиска ситуација со големи долгови.

Банана на викендот во мак баскетот

Кошаркарите на ТФТ, прволигашот од скопската населба Тафталиџе се најпријатно изненадување на сезоната во најдобрата македонска лига. ТФТ синоќа го победи Куманово на гости 88-94 а најјак момент беше бананата на Амир Смит над плејот Кори Рос.

Еди Кавани навива за Единство Уб

Уругвајскиот мајстор на фудбалот веќе покажува зошто Манчестер Јунајтед реши да го доведе на „Олд Трафорд“. Дава голови, асистира, игра во сјајна форма. А во меѓувреме и најде простор да се слика со шал на Јединство Уб, второлигаш од Србија финансиран од неговиот соиграч Немања Матиќ.

Ѕвездата на Јувентус што слави голови со волшебното стапче на Хари Потер

Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.