41-годишниот Лазаров со одлична партија во Лига на шампиони

Ракометарите на Нант одиграа сјаен натпревар во четвртфиналето против Веспрем (32:28) а еден од најдобрите поединци во францускиот состав беше нашиот селектор и капитен Кирил Лазаров со 4 постигнати гола.

Лазаров постигна четири погодоци од девет обиди а три гола му беа во првиот дел. 

На останатите дуели, Кил со 31-29 го совлада ПСЖ кој на реваншот ќе треба да надомести 2 гола негатива. Барселона на гости го доби Мешков Брест 29-33, Алборг убедливо го победи Фленсбург 26-21. 

Рекорди и успеси од мега кариерата на Кире Лазаров кој наполни 41 година

14 мај 2021 - 09:06