Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.
Марко Ласица од таборот на црногорската репрезентација се избрука јавно за сите пари со срамен гест кој не паметиме дека сме виделе до сега да го направи некој друг спортист. Имаше видео на кое се објаснуваа црногорските ракометари со македонските навивачи, а сега стана многу појасно зошто нашиве беа толку револтирани. Дојде и ги плукна, како најголем сељак.
Македонските ракометари се свесни и бајаги самокритични за бледата партија против селекцијата која се очекуваше дека ќе ја добијат. Самите ја нарекоа срамна.
Од авион, синоќа право во хотел на вечера со ракометарите, а денеска на натпревар. Колку само вреди овој човек, кој на 36 години брани во животна форма и за Порто во Лига на шампиони и за Македонија. Најсветлата точка во нашиот табор на мечот против Црна Гора. ЕХФ ќе ви покаже зошто.
По поразот на Македонија од Црна Гора, дел од играчите се доближија до трибината каде беа сместени нашите навивачи, па следуваа мали турканици и објаснувања кои за среќа не преминаа во поголем инцидент.
Македонската ракометна репрезентација го бележи вториот пораз на ЕП 2022. И покрај тоа што мислевме дека сме поквалитетни, нашите ракометарите не ја докажаа фаворитската улога, а тоа Црна Гора сурово го казни на чело со одличниот Симиќ кој нè отпиша со фантастични 12 интервенции.
Австралија и дефинитивно ја претера со случајот Новак Ѓоковиќ и го третира како да е најголем криминалец во светот. На два дена до првиот меч кој е неизвесно и дали ќе го игра, го вратија во хотелот за мигранти.
Никола Митревски пристигна во Дебрецин по неколкуте негативни тестови и најверојатно ќе му биде на располагање на селекторот Кире Лазаров за утрешниот дуел против Црна Гора. Го пречекаа во топ атмосфера, со аплаузи и овации.
И покрај поразот од силната Словенија на стартот на Европското првенство, Македонија доби неколку играчи пред кои стои блескава иднина во репрезентативниот дрес. Еден од нив со сигурност е ракометарот на Еурофарм Пелистер 2.
Мамо, тато, ве молам да ме носите за Ниш, сакам да ја бодрам Македонија на Европско. 10 години подоцна: Мамо, тато, јас отидов за Дебрецин, сега вие да дојдете да ме бодрите мене. Прв голман ќе бидам.
Големото дерби Ливерпул - Арсенал од англискиот Лига Куп требаше да се игра уште минатата недела, но „црвените“ пријавија голем број позитивни случаи и мечот се одложи. После неколку дена англискиот ФА покрена истрага зошто немало баш конкретни докази дека Ливерпул нема фудбалери. Синоќа конечно го одиграа првиот меч од полуфиналето на ЛК и заврши 0:0. Туку друго ни беше муабетот.
Легендарниот капитен на Вардар 1961 и двократен европски шампион синоќа на мечот со Словенија во рамките од 1. коло од групата А на Европското првенство се искачи на првото место на една вредна листа.
Седум гола, три црвени картони, продолженија, ревија убави голови, израмнување со 9 играчи во 90+5' минута. Елиф Елмас одигра цел меч во Купот на Италија каде неговиот Наполи дури после продолженијата изгуби 2-5 од Фиорентина. Македонскиот репрезентативец излезе пред чист празен гол ама Дронговски тешко го фаулираше.
И покрај сите ограничувања како на пример 50% од капацитетот на салата, вакцини, скапи тестови, ладно време и 900 до 1.000 км пат, зависи кој од каде трга, сепак македонските навивачи се во добра бројка во Унгарија.
Актуелниот шампион Милвоки Бакс го прегази Голден Стејт Вориорс 118-99. На полувреме Бакс водеа неверојатно 77-38, 39 разлика. Јанис Антетокумпо како да играше против мали деца.
И покрај неколкуте грешки, кои не ги правеше само тој, сепак Филип Талески одигра солидна партија против Словенија и редно време е, особено после ваква борбена партија на момците, малку да се намали тонот на плукање и да се стисне гасот на поддршка.
Откако за време на дербито Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс едно дете тргна да се поздрави со ѕвездата на Гризлис Џа Морант, кошаркарот го одби затоа што носел дрес од ривалот во нивна сала. После мечот понуди лично да му даде дрес од Мемфис.
Мечот меѓу Танасис Кокинакис и Александар Вукиќ на турнирот во Аделаиде беше прекинат во еден момент откако гавран непрекинато се огласуваше од под сводовите на трибините. Вукиќ беше деконцентриран да сервира, па го гаѓаше со топчето.
Ливерпул и Арсенал го остварија најдосадниот резултат во првата полуфинална пресметка од Лига Купот, а најсериозната шанса на мечот ја имаше Такуми Минамино. И без голман на голот ја прати во топката во публика.
Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.
Апсолутниот лидер и сериозен кандидат за титулата во НБА, Феникс Санс (31-9), многу тешко го совлада Торонто Репторс 99-95 на гости. Мечот го одбележа еден глуп момент од страна на главниот играч на „сонцата“
Славниот напаѓач синоќа за прв пат стапна на Сан Сиро во улога на тренер и тоа токму против својот тим во кој го направи блесокот на кариерата. Го пречекаа со убави зборови.
Додека во Унгарија и Словачка синоќа почна турбо ракометната програма, во Купот на Италија се играа две осминафинални средби. И двете траеа по 120 минути, а елиминирани беа Елиф Елмас и Горан Пандев. Наполи - Фиорентина 2:5 и Милан - Џенова 3:1.
Во текот на третиот период од дербито во Евролигата меѓу Барселона и Ефес, гостинскиот тренер Ергин Атаман доби исклучување од судиите ама долго време одбиваше да го напушти теренот. Прво се расправаше со судиите па со цела сала. Им го покажуваше пехарот кој лани Ефес го освои токму против Барса во големото финале.