Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Кварацхелија со прекрасен гол и одличен потег го освои Олимпико

Младиот Грузиец Квича Кварацхелија ја импресионира цела фудбалска Европа со изданијата на стартот од сезоната во Серија А. Тој беше творец на пресвртот против Лацио на гости и со погодок ги постави конечните 1-2. Имаше и дриблинг како Зидан и за малку не го постигна голот на сезоната. Нашиот Елиф Елмас влезе од клупата во 68' минута.

Чудесната одбрана на Де Хеа за која се збори на големо

Манчестер Јунајтед со голот на Џејдон Санчо го победи Лестер на гости 0-1 и го преброди ова тешко гостување. Најзаслужен за победата на тимот на Тен Хаг секако е голманот Де Хеа кој бранеше сјајно а еднаш и прелета како птица при еден слободен удар.

Во 136 секунди дознајте го цел трансфер преоден рок летово

Вообичаено најмногу трошеа премиерлигашите кои истурија тешка милијарда и кусур на трансфери и богати договори на играчи и тренери. После нив се наредија другите Топ3 лиги: шпанска, италијанска, германска. Да видиме накратко кои беа главни зделки летово?

Медиумската екипа на Денвер во 7 дневна посета во Белград и Сомбор

Пред околу три месеци беа тренерот, директорот и газдата на Нагетси кои го изненадија Јокиќ и му ја дадоа МВП наградата пред штала. Сега дојде поголема екипа, која рече дека би го повторила ова патување уште 100 пати. Се одјавија со зборовите „life changing experience“.

Aталанта направи шпалир во чест на големиот Јосип Иличиќ

Словенечкиот репрезентативец имаше врвна кариера во Серија А. Блескаше во Палермо, а својата класа ја покажа во Аталанта која што ја одведе и во Лига на шампиони и беше меѓу најзаслужните што Бергамашите станаа редовен учесник на еврокупови. Во последните неколку сезони се мачеше со депресија која што на долго време го одвои од терените. Сега заминува како слободен играч од Аталанта со која споразумно го раскина договорот.

Фински начин на славење за гол

И тоа не за победа, туку за израмнување, а во прашање е асистент тренерот на Хака, кој сигурно бил голман.

Надал првпат во кариера сам се повреди со рекет

Неверојатниот шпански ас го продолжува походот кон својот епски 23. Гренд слем пехар. Рафаел со 3:1 го совлада незгодниот Италијанец Фабио Фоњини и се пласираше во 3. коло. На почетокот на четвртиот гем од четвртиот сет, Надал при едно замавнвуање имаше незгода зошто рекетот му отскокна од подлогата и се удри во носот. Заработил гребаница и раскрварен бараше медицинска интервенција.

Голман кој никогаш повеќе нема да добие повратно додавање

Или по нашки, Миле Паника од Саудиска Арабија. „Чисти ја на прва“ е совет кој го дававме уште како деца во маало.

Европските прваци никој не ги собра со автобус, па фатија такси за првиот меч

Германија, како една од четирите земји домаќини на Европското првенство во кошарка, киксираше со организација уште на старт. Словенија имаше натпревар против Литванија, ама немаше превоз, па до Ланксес арената во Келн, кошаркарите мораа да одат со такси.

Врвот на театарската глума го има Чичарито

И покрај тоа што има 34 години и носеше дресови на брендови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандес кој настапува во МЛС за тимот на Лос Анџелес Галагси, се надмина себе си.

Ѕверското забивање на Лука Дончиќ во триумфот на Словенија над Литванија

Евробаскетот 2022 започна. Отвори Шпанија со убедлива победа над Бугарија 114:87, потоа Турција и Црна Гора режираа права драма во која Црногорците имаа напад за победа но судиите досудија контроверзен фаул во напад, а на другата страна Коркмаз погоди тројка од пола терен и Турците славеа. БиХ забележи триумф над Унарија, а Словенија во дербито ја доби Литванија 92:85.

Ник Кирјос во бес плукаше кон својот тим

Џабе. Таман кога после пар симпатични епизоди на Кирјос јавноста помисли дека ја наместил главата, Австралиецот со грчко потекло на УС Опен во триумфот против Бенжаним Бонзи од 3-1 во сетови направи нова глупост. Судијата го казни за недолично однесување.

Милан и официјално продаден за 1,2 милијарди евра

Во Миланело е голема гужва денес. Милан доведе две нови засилувања на денот кога клубот и официјално прејде во раце на RedBird Capital и на сопствениците на американскиот бејзбол гигант Њујорк Јенкис.

Уникатен случај: Атлетико му дозира минутажа на Гризман за да не ѝ плати 40 милиони на Барселона

Врвниот француски голгетер, Антоан Гризман и натаму е под договор со Барселона но втора сезона по ред настапува како позајмен играч во Атлетико Мадрид.

Ракета од фудбалер на Црвена звезда на вечното дерби со Партизан

Фудбалерот од Гана, Осман Букгари (23) играл во Андерлехт, Тренчин, Гент и француски Нант пред летово да дојде во Црвена Звезда. Веќе постигна неколку гола за „црвено-белите“ а за евроголот кој го даде на белградското вечно дерби изјави дека му е најубав во кариерата.

Што е со Даглас Луиз од Вила, пак даде гол директно од корнер

Бразилецот Даглас Луиз од Астон Вила е најозборуван фудбалер во Премиер лига деновиве. Прво што е на прагот да замине од Бирмингем и да се пресели во голем клуб за богат трансфер (веројатно Арсенал), а второ што синоќа даде втор гол директно од корнер по стартот на сезоната. Првиот му беше со Болтон на гости во Лига Купот, а синоќа против Арсенал кога израмни на 1-1.

Евроголот на месецот падна во Русија

Илзат Ахметов има 24 години, роден е во Бишкек (Киргистан) а целата кариера уште од 2013-та му е во руското првенство. Играше за Рубин Казањ од каде отиде во ЦСКА Москва и таму беше јунак на многу големи победи во Лига на шампиони. Летово рускиот репрезентативец дојде во Краснодар и во Купот на Русија постигна гол каков што дале само Меси, Марадона, Роналдо и другите великани.

Зборувај ми на англиски, не на германски Де Лихт

По мечот во германскиот Куп кој Баерн го доби убедливо со 0-5 кај Викторија Келн, холандскиот стопер на прашање поставено на англиски од репортерката, одговораше германски додека не го исправија.

Нов чудесен трик на СМС

Сампдорија и Лацио одиграа 1-1 а домаќините до бод стигнаа во 90+2’ минута од судиското продолжение. Чиро Имобиле претходно ги донесе гостите во предност по невозможна асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Лудилото на Енфилд Роуд по голот во 90+8’ минута

Ливерпул и Њукасл одиграа фантастичен меч. Гостите имаа водство со голот на скапоценото засилување Александар Исак во 38’ минута. Боби Фирмино израмни во 61-ва минута а буквално во последните секунди од мечот Фабио Карваљо им донесе триумф на црвените за лудница на Енфилд Роуд.

Нова мајсторија на Влаховиќ од слободен удар

Само четири дена откако опасно ја тресна Рома, Душан Влаховиќ одново блесна од слободен удар. Јувентус ја совлада Специја со 2:0, а српскиот центарфор за малку дупка ќе направеше во мрежата.

Прв гол на Елмас сезонава, одговор на Лече со голчиште

По нерешените 0:0 во Фиренца, Наполи повторно одигра реми и во 4. коло од Серија А, овој пат дома против Лече. Спалети за прв пат сезонава го стави стартер Елиф Елмас, а тој го отвори резултатот во 27-ма минута. Гостите одговорија преку 20 годишниот Лоренцо Коломбо кој ја опали многу јако за конечни 1:1.

Ама признај дека сам спиеше вечерта?

Океј, признаваме дека веќе станаа досадни сите други кои се копираат едни од други, ама имаш ли видео да видиме како помина после дома?

Како да држиш финансиска рамнотежа со трансфери, а да освојуваш трофеи?

Убавиот пример доаѓа од Шпанија, од екипата на Атлетико Мадрид кој под водство на Симеоне ги освои сите трофеи со исклучок на ЛШ, а истовреме работи многу домаќински и не влегува во була како други клубови.