Offside

Фудбалската репрезентација на Швајцарија е редовен учесник на најголемите натпреварувања, а неретко се случува во последниве години да стигнува и до самата завршница на Европски и Светски првенства каде игра важна улога. Во тие походи имаат поддршка од илјадници навивачи кои ќе дојдат и во Скопје.

Едгар Давидс уште го има осетот

На ревијалниот меч во чест на 100-годишнината од денот откако семејство Ањели го презел Јувентус, се собрале многу легендарни поранешни фудбалери на бјанконерите. Меѓу нив и „пит-булот“ Едгар Давидс кој и на 50 години покажа дека уште му работи сјајната левица.

Јас не сум од ваша, ама океј, терај

Женската ракометна репрезентација на БиХ помина лошо во Романија со екстра висок пораз од 49:17. Во еден момент, „се обидоа да нападнат“ и со играч повеќе. ЕХФ тоа одлично го најави на Твитер, дека ја проиграле судијката бидејќи таков е денот: Меѓународен ден на судиите.

Уште не почната сезоната во НБА, Јокиќ почна со своето шоу

Денвер загуби од Чикаго 133:124 во претсезонските пријателски средби, а Никола Јокиќ го заврши мечот со 17 поени (8/10), 6 скока и 4 асистенции. Во еден момент се претвори во Стефон Кари.

Најпргавиот играч во НБА доби казна од 25.000 долари за удар

Канаѓанецот Дилон Брукс кој пред неколку недели играше и на Светското првенство, важи за најантипатичен кошаркар во цела НБА. Тој е пргав, редовно иритира противнички играчи, се закача со судии, а сега докажа дека знае и намерно да удира. Така беше во подготвителниот меч за новата сезона меѓу Хјустон и Индијана Пејсерс кога го удри Германецот Тајс во незгодно место.

Фотографии на СКОК кога Македонија го почна самостојниот фудбалски пат

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.

Сочна балканска пцовка од Модриќ за судијата Тејлор

Хрватите киксираа дома со Турција 0:1, а нервозата за резултатот се виде во последните мигови од мечот кога Модриќ се изнервира, затоа што судијата не им дозволи да биде изведе корнерот пред неговиот знак. Потоа ја рогната топка и доби жолт, па следуваше пцовка која ако Ентони Тејлор ја разбереше, ќе му извадеше и втор жолт.

Нејмар збесна, бразилски навивач го погоди со кутија пуканки

Селекцијата на Бразил киксна дома со Венецуела и одигра 1:1 во мундијалските квалификации. Некој од домашните навивачи, разочаран од резултатот, успеа да го погоди Нејмар со кутија пуканки директ во глава. Овој ќе се тепаше.

Албанија игра фудбал растура, со една нога се веќе на Европско

Фудбалската репрезентација на Албанија запиша нов голем триумф во квалификациите за Европско првенство 2024 откако синоќа со 3:0 ја згроми Чешка и после Полска скроти уште еден фаворит. Албанците веќе се скоро на Евро 2024. Интересно име им е селектор.

Парагваец плукна во правец кон Меси и крена врева

Во 3. коло од квалификациите за Светско првенство 2026, Аргентина со 1-0 го совлада Парагвај со гол на Николас Отаменди уште во 3’ минута. После неколку дневна пауза поради повреда, на терен се врати и Лео Меси кој синоќа влезе од клупа за резерви. При една расправија со Лионел, парагвајскиот шпиц Антонио Санабрија кој потекнува од школата на Барселона а кој неколку сезони игра за Торино, плукна во правец кон Меси со очигледна намера.

Халанд конечно распали голчиште во негов стил

Норвешка со 0-4 славеше на Кипар во квалификациите за Евро 2024. Ерлинг Халанд кој врза неколку меча во Сити без гол, конечно ја тргна бариерата и синоќа со два гола во седум минути во вториот дел ја потврди победата на Норвежаните кои уште се во игра за едно од првите две места кои ги држат Шкотска и Шпанија.

Ужасно лоша проценка на Ливаковиќ со која им подари победа на Турците

Хрватска киксна дома против Турција во 6. квалификациско коло за ЕП 2024 и сега е втора на табела, а Турците први со 3 бода повеќе. Мечот го реши Јилмаз или ако сакате Ливаковиќ, кој непотребно го напушти голот.

Венецуела со прекрасен гол ја прекина серијата на Бразил

Кариоките после долго време не успеаа да победат дома, откако синоќа во 85’ минута Венецуела со прекрасен гол на Едуард Бело израмни на 1-1 и однесе бод во квалификациите за Светско првенство 2026.

Меси се врати и за влакно не постигна голчиште за кое ќе се зборуваше

Аргентина победи 1:0 против Парагвај и со тоа стигна до 3 од 3 во квалификациите за следното Светско. Мечот го реши Отаменди со атрактивен гол уште во 3 минута, а кам бек после повредата имаше Лео Меси кој беше многу блиску до шаќировка.

Панчев: Мојот трансфер денеска би бил околу 180 милиони евра

„Приметив дека сега нашите трансфери ги рачунаат пута 14. И на Марадона и мојот итн. Баш излезе сега по новините дека мојот трансфер денеска би бил околу 180 милиони евра, рачунајќи го тој коефициент. Секако мојот трансфер беше меѓу трите најголеми во светот од 92-та до 97-ма“.

Viva la Copacabana

Девојкиве на видео играта ФИФА 2024 би имале оцени: прв контакт 99, техника 99, прием 99, пас 99. На најубавото место за фудбал, плажата Копакабана во Рио де Жанеиро каде се родија многу фудбалски мајстори од Бразил.

Саки: Анчелоти е професор по скромност, плачев и јас во салата

За врвните фудбалски достигнувања како тренер, Универзитетот во Парма на Карло Анчелоти му додели титула на почесен доктор во областа „Наука и методи на превентивна и адаптибилна физичка активност“. 

Фелш на колото кој не го бранат двајца голмани

Во ефикасниот дуел меѓу Генган и Гренбол во француската втора Лига 2 кој заврши 2-2, домашниот фудбалер Мехди Мергем постигна прекрасен гол од слободен удар.

Јака собиранка на легенди на Јуве, предводени од Дел Пјеро и Зидан

Јувентус во Торино собра еден куп шампиони кои придонесоа да се испишуваат важни страници за историјата на клубот.

Некои за Вембли во боите на израелско знаме, други им викаат седете мирни

И покрај тоа што британската влада им напишала отворено писмо на сите спортски федерации во кое ги охрабрува недвосмислено да ги осудат нападите врз Израел и да застанат силно во поддршка на оваа земја, од Фудбалската асоцијација на Англија, барем засега, не би „ставале зачин во туѓи чорби“.

Србите ја победија Италија 5:4 со прекрасен гол во 91-ва минута

Како предигра на евроквалификациите кои стартуваат вечерва, а нашите играат во сабота против Украина, младите растураат со евроголови. Го видовме Елмас против Полска, а сега да го видиме 18 годишниот Јован Мијатовиќ против Италија, на пријателска која ја реши во финишот и која заврши со голеада.

Голчина на Елмас против Полска во стилот на братучед му од Наполи

Македонија У-19 го почна квалификацискиот турнир за ЕП на фантастичен начин, со триумф над домаќинот Полска од 0:2. Погледнете ја мајсторијата на 17 годишниот Елмас кој игра за Гостивар. Како стојат работиве, изгледа ќе гледаме во иднина двајца братучеди во репрезентација.

Фаџоли од Јувентус може да добие тригодишна казна поради кладење

Според пишувањата на Газета дело Спорт, фудбалерот од среден ред на Јувентус, талентираниот Николо Фаџоли е предмет на истрага во италијанскиот фудбал поради наводно обложување.

Навивач му шматаше на Рубљов пред да сервира, судијата го прекина

На тениската меѓународна сцена се игра АТП турнирот во Шангај. Бугаринот Григор Димитров направи сензација над Карлос Алкараз и го елиминираше со пресврт. На мечот пак меѓу Андреј Рубљев и Адриано Манарино кој Русинот го доби со 2:0, судијата имаше необична интервенција во публика.

Српска презентерка во обид да ја изговори Борусија Менхенгладбах

Млад дечко влегува во една скопска кладилница и прашува колку е Борусија Мончеблах? Значи Мончеблах. Ова го имаме дознаено од маалски, добро упатен извор. Е сега слушнете ја оваа верзија и пробајте да ја повторите на глас.