Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Колкав може да биде ризикот кога голман глуми напаѓач?

Кога коментаторот на крај на мечот ќе рече: „Домаќините одат на сè или ништо“, се мисли на овој пример од Мексико.

АЕК шампион во Грција, навивачите ја распалија Атина

Во најнеизвесната завршница на грчката Суперлига во последните дваесетина години, за титулата до крај се бореа АЕК и Панатинаикос, двата клуба од Атина кои искористија што хегемонот Олимпијакос е заспан веќе подолго време.

Го даде ли Фаџоли најубавиот гол на Јувентус сезонава?

Додека конкурентите во трка за местата во Лига на шампиони кашлаат од коло во коло и никако да ја искористат шансата да обезбедат место во елитното друштво, Јувентус си го трасира патот до најдоброто клупско натпреварување. Со 2:0 го совладаа Кремонезе а едниот од двата гола, дело на младиот Николо Фаџоли беше спектакл.

Подарок од Динамо за капитенот на Македонија за влезот во клубот 100

Динамо Загреб не го заборава Стефан и за убавиот јубилеј му подари дрес со број 100, колку што има вкупно официјални настапи за клубот од Максимир.

Пица, пиво и песна во соблекувалната на Вардар

Трофејот од ракометниот Куп на Македонија трета година по ред останува во Скопје кај тимот на Вардар кој е рекордер и го има освоено 16 пати. Играчите направија фешта во соблекувална, Талески се истураше гол со пиво, а Манасков му се обрати на тренерот Недановски со Мурињо, алудирајќи на Чкембари кои го нарекоа „ресенскиот Мурињо“.

Јака анегдота за Бодирога во кафана во Врање

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, трофејниот Дејан Бодирога, како и многу негови соиграчи, по крајот на кариерата решил да инвестира и во некој приватен бизнис. Во еден период се занимавал и со производство на брашно, а од тогаш датира една врхунска анегдота.

Какво лудо славје во Ротердам за титулата

Фудбалерите на Феенорд Ротердам стигнаа до 16. шампионска титула во клупската историја, прва после 2017-та година. Сезона за паметење имаше тренерот Арне Слот кој сега би требало да преземе некој поголем клуб.

Рекордна партија на Тејтум, Бостон е во финале

Крилото на Бостон Слетикс, Џејсон Тејтум одигра спектакуларна партија и со 51 постигнат поен на мечот со Филаделфија влезе на вечната листа најдобри поентери во НБА плејофот.

Претседателот на Барселона Лапорта во екстаза во соблекувална

После неколку годишни црни облаци кои висеа над „Камп Ноу“, во Барселона конечно се слави. Каталонците сосема заслужено ја освоија шампионската титула и ги утешија навивачите со златниот пехар во Ла Лига. После победата од 2:4 на

 

Навивачи на Еспањол насилно го прекинаа шампионското славје на Барселона

Барселона со 2-4 го победи лутиот градски ривал Еспањол на негов терен и теоретски ја освои шампионската титула, прва после четири години. На крајот од мечот домашните навивачи влетаа на терен и го прекинаа гостинското славје.

Не се бранат ваквите голчишта на Мбапе

ПСЖ му пукна петарда на Ајачио од 5:0 и на три кола до крај има +6 пред Ленс, што значи титулата е речиси освоена. Мбапе даде два гола и има вкупно 38 од кои 26 во првенство. Вториот го постигна со страшен волеј.

Еврогол на Специја против Милан, ултрасите ги построија Пиоли и играчите

Милан направи голем кикс во битката за четвртата позиција и загуби 2:0 од 18-то пласираната Специја која се бори за опстанок. Фудбалерите на разговор кај навивачите.

Талески изеде џандарски пендрек на дербито

Луди сцени ни доаѓаат од финалето на македонскиот Куп меѓу Вардар и Пелистер, кој црвено црните го добија и со тоа го одбранија пехарот. Веднаш по завршувањето на мечот настанаа турканици меѓу играчите во кои се вмеша и полицијата, а еден од полицајците го удри Филип Талески со пендрек во глава. Видеото на социјалните мрежи го објави самиот ракометар, а исто и Дејан Манасков кој праша: Зошто?

Колку ќе добие, што викате?

На денешниот луд натпревар меѓу Лидс Јунајтед и Њукасл Јунајтед на кој домашните се бореа за бодови за опстанок а гостите за бодови за Лига на шампиони, имаше дури три пенали, црвен картон и четири гола. На крајот праведни 2:2. Еден домашен навивач упаднал на терен и му се пушти на гостинскиот тренер Еди Хау. Со законите од Маргарет Тачер наваму, којзнае што го чека.

НБА ѕвезда прекина прес-конференција да се јави на мајка му

Мајами Хит се пласираше во големото конференциско финале на Истокот откако во полуфинале го елиминираше Њујорк Никс. Во целата серија меѓу овие два тима сјајни партии пружаше искусниот Бем Адебајо кој и синоќа во триумфот постигна 23 поени со 9 скока. После мечот на сред прес-конференција неочекувано му заѕвонел телефонот. На линија повик кој не се одбива.

Како е можно овој гол на Меси од финале да не добие Пушкаш награда?

Кога еден ден ќе им раскажувате на внуците за тоа каков фудбалер беше Лео Меси, пуштете им го клипов од финалето на Копа деј Реј во 2015-та меѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Црн хумор во Неапол за титулата

Во 1987-ма година кога Наполи го освои своето прво шампионско скудето во клупската историја, некои духовити навивачи, на централните градски гробишта Поџореале закачиле парола со натпис: „Не знаат што пропуштаат“. Слична парола на исто место закачиле и сега, по незапаметените прослави ширум градот каде деноноќно се славеше заслужената шампионска титула.

Милина на колото

Фондацијата на клубот Барселона организирала убава средба за еден млад човек со Даунов синдром со неговиот идол од екипата, Бразилецот Рафиња. А не знаел, не му кажале.

Драстични казни во Белорусија за местење натпревари

Голема афера го тресе белорускиот фудбал, чија лига можеби не е прав претставник на некој елитен фудбал, но сепак праќа одличен пример како валканите игри треба да се избркаат на клоци од секое првенство.

Влаховиќ бесен што Алегри го извади во 60-та минута

Факт е дека не е истиот од Фиорентина, ама сезонава му е подобра од ланската и веројатно е нервозен што го вадат при негатива од 0:1 против Севиља на дури 30 минути до крај, а даде два гола по ред против Лече и Аталанта.

Бомба на Манасков во стилот на татко му

Вардарци му вратија на Алкалоид за поразот во првенство и го елиминираа во полуфиналето од Купот на Македонија со 31:22. Блесок на Дејан Манасков со 12 постигнати погодоци. Едниот од нетипична позиција за него. Вакви проектили од таму решеташе Пепи.

По потекло од Тресонче, доби награда за најдобар стрелец во Евролига

Лидерот на грчки Олимпијакос кој ќе се бори за нова европска титула, Александар Саша Везенков ја доби наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец сезонава во Евролига. Тој во просек бележеше по 17,24 поени по натпревар на 37 натпревари во елитната лига во чиј регуларен дел беше апсолутно најдобар играч.