После големиот и незапаметен скандал со претседателот на Анкарагучу кој пред неколку дена се симна на терен на мечот со Ризеспор и со сета сила го нокаутираше со тупаница главниот судија, сега во Турција нов скандал со претседател на клуб.
И покрај тоа што турската Суперлига драконски го казни Фарук Коча и доживотно го исфрли од каква било фудбалска активност, на кратко време го забрани и фудбалот, а се крена и претседателот на земјата Реџеп Тајип Ердоган, пак памет не им доаѓа на фудбалските газди.
Сега голем скандал направи претседателот на Истанбулспор Фаик Саријалиоглу кој беше фрустриран од судењето на мечот од 17. коло во Суперлигата со Трабзонспор, односно по одлуката на главниот судија при резултат 1-1 да не досуди пенал за Истанбулспор а веќе во следниот напад гостите да поведат 1-2 со гол на Онуачу.
Саријалиоглу се симнал на терен и ја повлекол екипата од терен. Играчите меѓу кои и македонскиот репрезентативец Валон Етеми го молеле претседателот да не ги повлекува и мечот да продолжи но тој инсистирал.
🇹🇷 ¿Se acuerdan que hace unos días el presidente del Ankaragücü golpeó a un árbitro? Bueno, hoy el del Istanbulspor le pidió a sus jugadores que abandonen el campo de juego al no estar de acuerdo con una decisión del árbitro... 😳pic.twitter.com/oqhaEboyV5
— Fodboldworld (@fodboldword) December 19, 2023
Istanbulspor president Faik Sarialioglu called his team off the pitch in protest after not getting a penalty against Trabzonspor on Tuesday night 🇹🇷 pic.twitter.com/reWeIVmF6c
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 20, 2023
После сите големи скандали, прашање е како ова ќе го реши турската фудбалска федерација затоа што границата веќе е премината.