Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

После 539 минути и пет меча, Сити даде гол на новиот стадион на Тотенхем

Дваесет и осум годишниот холандски репрезентативец Натан Аке е стрелец на првиот гол за шампионот Манчестер Сити на новиот стадион на Тотенхем Хотспур. „Граѓаните“ дури пет пат играа на овој стадион и претрпеа пет порази по ред без ниту еден постигнат гол. Синоќа во 4. рунда од ФА Купот Пеп Гвардиола и неговите конечно го скршија малерот, постигнаа гол и славеа 0-1 со што се оствари желбата на Пеп конечно да победи таму кај Спарс на гости.

Проектилот на Пранди од слободен удар е дефинитивно потег број 1 на ЕП

Голчиштето на Пранди во полуфиналето меѓу Франција и Шведска ќе остане во аналите на ракометот, како потег кој е вистинска реткост за овој спорт. На 15 секунди до крај, искусниот Готфридсон излезе сам пред гол за да погоди за +2, но направи чекори, а Французите во последниот напад изведоа слободен удар за реми по кое беа подобри во продолженијата и со 34:30 се изборија за финале против Данска.

Животен натпревар на Лука Дончиќ - растури со 73 поени!

Неверојатниот Лука Дончиќ ја одигра најдобрата партија во својата кариера откако во триумфот на неговиот Далас Маверикс против Атланта Хокс 148:143 постигна страшни 73 поени!

Страшен пад на најдобрата светска скијачка при 100 км/ч брзина

Американката Микаела Шифрин тешко се повредила на опасниот спуст во Кортина д’Ампецо. Шифрин својот старт го имаше од осмата стартна позиција но после дваесетина секунда при губење рамнотежа излета во заштитната ограда крај патеката. Со асистенција на лекарите стана и се оддалечи од патеката а со хеликоптер подоцна е префрлена во болница. Пред десетина дена и нејзиното момче, Норвежанецот Александер Олмот Килде имал тежок пад на спустот во Венген.

Херојските авантури и предизвици на Здравко Дејановиќ кој се качувал на Хималаите на -50

Познатиот македонски алпинист ги има искачено највисокиот, најтешкиот и најсмртоносниот врв во светот. Раскажува како на К2 имал чувство дека му змрзнува телото. Бил сведок на висинска болест која ја добиле Турчин и Германец и кои наеднаш изгледале 20 години постари, како и на снежно слепило кое го добил Англичанец кој бил оставен сам на себе. Гледал и смртни случаи. Само минатата година на Монт Еверест загинале 16 души.

Пеп Гвардиола доаѓа на стадион каде не дал ниеден гол и не освоил ниеден бод

Трофејниот Пеп Гвардиола има победено толку екипи и неговите тимови се изнадавале толку голови што практично некој би рекол дека не е можно да има место каде што играл а не освоил бод. Ама има.

Најлудачките поени на Медведев кој со епски пресврт се избори за финале во Мелбурн

По 2021-ва и 2022-ра, Данил Медведев се избори за трето финале на Австралија опен до кое стигна со страшен пресврт против Александар Ѕверев од 0:2 на 3:2. Имаме неверојатни поени за гледање од страна на Русинот.

Јирген Клоп си оди од Ливерпул

Трофејниот германски стручњак соопшти преку клупскиот сајт на Ливерпул дека по крајот на актуелнава сезона ќе замине од „Енфилд Роуд“ поради како што вели „немање веќе енергија“.

Маестрален дроп шот на Медведев

Данил Медведев се оддалечува од пласман во финалето на Австралија опен, бидејќи во првите два сета губи 2:0 од Ѕверев. Ако треба да се издвои најјакиот поен од досегашниот дел на мечот, тогаш ова е тоа.

Серија А е прогласена за нумеро 1 лига во светот, македонската е на 60-та позиција

Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика им отвори работа на вечните критичари и хејтери, кои неуморно се караат и убедуваат на Фејсбук која фудбалска лига е најдобра.

Новиот вид спорт кој ги привлече Нејмар и Кутињо

Текбол е смислен во 2014-та година во Унгарија од двајца другари, поранешниот фудбалер Габор Боршани и програмерот Виктор Хусар. Се игра во сингл или во двојки. Личи на сервис, се игра на маса која личи на пинг-понг стол.

Ѓоковиќ: Ова ми е еден од најлошите Гренд слем мечеви во кариерата

Новак Ѓоковиќ е свесен дека беше целосно под нивото на полуфиналето во Мелбурн. Грешеше многу, нетипично за него на волку важен натпревар, не направи ниту еден брејк и првите два сета ги загуби со 6:1 и 6:2 за помалку од еден час игра.

Шаренилото на Купот на Африка

Купот на Африкански нации стигна до осминафинале каде ќе се одиграат неколку мега класици како она меѓу Нигерија и Камерун и Сенегал со домаќинот Брег на Слонова Коска. Колоритот на трибините секогаш е неизоставен дел од фудбалските средби на црниот континент. Така е и овојпат.

Најинтересните моменти од историскиот триумф на Синер над Ѓоковиќ

По страшната доминација од 6 години и 33 победи, кралот на Австралија опен потклекна против 14 години помладиот Јаник Синер кој се избори за прво Гренд слем финале во кариерата.

Најјаките 5 голови на ЕП 2024

Во пресрет на утрешните две мега полуфиналиња Франција - Шведска и Германија - Данска, ЕХФ ја сумираше топ 5 листата создадена од сите досегашни битки на турнирот во Германија. Не може никој со ремек делото на Один Тор Рикардсон од Исланд, кој заслужено е на челната позиција.

Рони О’Саливен ги луфтираше нозете на сред натпревар

Најдобриот снукер играч на сите времиња неодамна стигна до осмата шампионска титула. На еден од натпреварите камерите го уловија во необична комотна положба.

29 години од кунг-фу ударот на Ерик Кантона

Легендарниот француски фудбалер верувале или не во моментов тера активна и успешна пејачка кариера. За април веќе му се закажани концерти во Велика Британија и Република Ирска. Ќе настапува во Лондон, Манчестер, Лидс и Њукасл.

Барселона сезонава 3 пати прима гол во првите секунди

Шампионот на Шпанија игра променлива сезона. Испаднаа од Кралскиот Куп од Атлетик Билбао, во Ла Лига заостануваат 8 бода зад Жирона и 7 зад Реал Мадрид но имаат меч помалку од Жиронците. Каталонците сезонава за првпат во клупската историја примале гол веднаш по судиската свирка за почеток.

Тенис од друга планета

Да, така реномираниот Еуроспорт го опиша ова 1 минутно уживање од третото коло меѓу Новак Ѓоковиќ и Томаш Мартин Ечевери, „Tennis from another planet“. Сигурно еден од најјаките поени од сите досегашни натпревари. Инаку полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Синер е изутрина во 4:30 часот по наше или 14:30 по австралиско време. Медведев и Ѕверев играат од 9:30.

Кога ќе го начекаш царот Меси на семафори

Лионел ужива во Мајами. Ем што има бројна аргентинска дијаспора, ем што во екипата покрај Алба и Бускетц му дојде и најдобриот другар Луис Суарез. Секогаш е расположен за муабет со навивачите па макар и од возачко седиште.

Мауританиа е во транс и го слави по улици првото осминафинале во историјата

Јануари месец излезе преполн со спортски настани. Од ЕП во ракомет, Австралија опен, Куп и Супер Куп битки колку сакаш, па сè до Африкански Куп на нации каде се случуваат сензации.

Поранешен тренер на Динамо направи хаос со Баерн Минхен

На заостанатиот меч од Бундеслигата меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин кој баварците го добија минимално 1-0 со голот на Рафаел Гуереиро во 46’ минута, гостинскиот тренер Хрватот Ненад Бјелица доби црвен картон во 74-та минута откако го удри фудбалерот на Баерн Лирој Сане.

Вонсериски волеј на Ди Марија кој ќе конкурираше за гол на сезоната во Португалија

Бенфика треба многу да жали што е елиминирана во полуфиналето од португалскиот Куп од Есторил на пенали, посебно Анхел Ди Марија. 35 годишниот Аргентинец за влакно не постигна голчиште и пол и тоа при резултат 1:1 во истекот на последната 96-та минута, кое ќе беше сигурно во топ 3 во неговата кариера.

Две големи утки на Јамал, кобни за елиминација на Барса

По елиминацијата на Реал во осминафинале и Барселона ја завршува сезоната во Копа дел Реј. Каталонците загубија 4:2 во продолженијата од Атлетик Билбао, а во регуларниот дел при резултат 2:2, 16 годишниот Ламин Јамал имаше две чисти шанси за да го однесе својот тим во полуфинале. Во вториот обид празен гол промаши.