Само што се врати во Бразил, Ендрик продолжи да стрела

По сјајните настапи во Европа каде гостуваше со репрезентацијата на Бразил, младиот 17-годишен центарфор Ендрик кој постигна победнички гол против Англија и стана најмлад стрелец во историјата на „Вембли“ па даде гол и на „Сантијаго Бернабеу“ во ремито 3:3 со Шпанија, сега им се врати на обврските во Палмеирас.

Ендрик пред неколку месеци потпиша договор со Реал Мадрид каде треба да се пресели на лето. До тогаш ќе ја доигра сезоната во Палмеирас, а синоќа постигна нов гол, победнички на меч против Новооризонтино:

29 март 2024 - 11:30